Од среда заладување и обилни врнежи од дожд и снег


Фото: Б.Грданоски

Под влијание на влажен и студен воздушен бран в среда ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. На некои места врнежите ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на
планините врнежи од снег.

Минималните температури в четврток и во петок на повеќе места ќе бидат под нулата.