Бајден води пред Трамп во анкетите


Претендентот за претседателски кандидат на американската Демократска партија Џо Бајден ужива поголема поддршка отколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп, покажа најновото истражување на јавното мислење.
Според анкетата на мрежата Еј Би Си и Вашингтон пост, Бајден со 49 отсто доверба води пред Трамп, кој има 47 отсто доверба од граѓаните. Но Трамп значително ја намалил разликата од февруари, кога поранешниот потпретседател на САД имаше 52 отсто од гласовите, а актуелниот американски претседател 45 проценти.

Кога станува збор за економијата, 57 отсто од испитаниците го поддржуваат начинот на водење на Трамп, а тој води пред Бајден и во однос на тоа кој подобро би управувал со економијата. Трамп и Бајден се изедначени во однос на прашањето кој подобро би управувал со кризата за време на коронавирусот, но Бајден е подобар кога станува збор за целокупните политики во здравството.

Анкетата е спроведена минатата седмица, и таа исто така покажува, дека Бајден се уште води пред неговиот противкандидат од Демократската партија Берни Сандерс.