Помпео го обвини Иран за ширењето на корона вирусот

Државниот секретар на САД ,Мајк Помпео, го обвини лидерот на Иран, Али Хамнеи, дека  со криењето на податоците за болните од корона вирусот загрозил илјадници животи во светот. Според Помпео лагите на Али Хамнеи придонеле барем пет земји да го увезат вирусот од Иран.

-Фабрикувањата на врховниот лидер Хамнеи во врска со вирусот од Вухан се опасни и тие ги ставаат во голема опасност Иранците и луѓето ширум светот. Фактите се важни. Еве неколку факти кои иранскиот режим што би сакал да ги задржи од светот:

Во февруари, главната терористичка авиокомпанија во Иран, „Махан Ер„ спроведе најмалку 55 летови меѓу Техеран и Кина, дополнително заразувајќи го иранскиот народ. Најмалку во пет странски држави коронавирус бил директно увезен од Иран, ставајќи во ризик милиони животи.

Иранскиот режим ги игнорираше повторените предупредувања од сопствените здравствени службеници и го негираше првиот смртен случај со коронавирусот најмалку девет дена. Режимот продолжува да ги лаже иранскиот народ и светот за бројот на заразени и смртни случаи, кои за жал се далеку поголеми отколку што признава режимот.

Бидејќи официјалните претставници на иранскиот режим бараат повеќе средства, важно е да се напомене дека од 2012 година Иран потроши над 16 милијарди американски долари за тероризам во странство и ги искористи ослободувањата од санкциите за да ги наполни своите „куфери“. Организаторите на режимот украдоа над милијарда евра наменети за медицински материјали и продолжуваат да ги користат  очајно потребни маски, ракавици и друга медицинска опрема за продажба на црниот пазар.

Американските санкции не спречуваат увоз на храна, лекови и медицинска опрема или друга хуманитарна стока. Иранските документи покажуваат дека нивните здравствени компании биле во можност да увезуваат комплети за тестирање без пречки од санкциите на САД од јануари.

САД исто така  понудија над 100 милиони американски долари медицинска помош на странските земји, вклучително и на иранскиот народ, а нашите научници неуморно работат на развивање на вакцината. Хамнеи ја отфрли оваа понуда затоа што работи неуморно за да смисли теории на заговор и да дава приоритет на идеологијата над иранскиот народ, порача Помпео.