Македонците што се враќаат ќе бидат сместени на Шапка, во Струга, во Маврово и во Банско


Со  организираниот авионски превоз денеска  од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани. Владата за нив  подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз .

-За 180 патници од летот од Виена обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.

Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел  со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација, стои во соопштението од Владата.