Австрија и Западен Балкан заедно против Ковид-19


Австрискиот канцелар Себастијан Курц, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и премиерите на земјите од Западен Балкан одржаа денеска видео конференција, на која главна тема беше борбата против пандемијата на коронавирусот. – Оваа пандемија претставува голем проблем за секој поединец, општество и здравствените системи и покажува колку нашите општества и економии се поврзани, поради што мораме […]

Столтенберг: Добредојдовте во НАТО


Генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на Пристапниот протокол од шпанскиот Сенат и го честита членството на Северна Македонија. „Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите сојузници и посакаа добредојде на идната 30-та земја членка. Честитки, Северна Македонија“, објави на својот Твитер […]

Трамп ќе бара 850 милијарди долари за спас на американската економија


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира да побара 850 милијарди долари за спас на амeриканската економија од можната рецесија, објави „Њујорк тајмс“. Поради ширењето на корона вирусот во земјата се затвараат компании како ресторани и други услужни и трговски бизниси, изведувачите, вработените на договор или привремените работници се праќаат дома, додека поради забраната за патувања, […]

СЗО со официјално предупредување: Не користете ибупрофен ако имате Ковид-19


Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот корона вирус не треба да земаат Ибупрофен, без да се конслутиораат со лекар. Тоа го соопшти СЗО фокусирајќи се на студија за можен негативен ефект од тој лек, јави ДПА Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека претходните студии не откриле врска […]

Кандидатот за наследник на Меркел, Фридрих Мерц, има корона


Фридрих Мерц, еден од кандидатите да ги предводи германските владејачки христијански демократи, позитивно се тестираше за коронавирусот. „Корона тестот извршен во неделата во мојот дом излезе позитивен“, објави Мерц во вторникот на Твитер. „Ќе бидам под карантин дома до крајот на следната недела“. Мерц (64) рече дека неговите симптоми се „за среќа благи до средни“ […]

ИВЗ одлучи, нема организирани молитви во џамиите


– Како превенција од ширење на вирусот Ковид-19, низ сите џамии во државата нема да се одржуваат организирано намаз молитвите, информира на прес-конференција претседателот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман еф. Реџепи. Тој, исто така, наведе дека организирано нема да се одржи ниту петочната молитва. – Муезините се обврзани да одржат езанот (повикот за молитва) […]

Да им се помогне на компаниите, но и да се внимава на Буџетот, порачува Фајнанс тинк


Неопходен е план со мерки за справување со економските последици од корона вирусот што ќе обезбеди разумно балансирање помеѓу ликвидносната поддршка на компаниите и граѓаните од една страна и капацитетот на државниот буџет од друга страна апелира Фајнанс тинк (Finance Think) во Бриф за политиките за справување со економските ефекти од Ковид-19. Порачуваат мерките да […]

Во Албанија бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 55 лица


Со потврдените четири нови случаи со корона вирус, во Албанија бројот на заразени со овој опасен вирус се зголеми на 55 лица. -Во последните 24 часа, тестирани се 42 сомнителни лица, меѓу нив и здравствени работници, од кои се потврдени 4 нови случаи на „Ковид -19“. До денес тестирани се 605 сомнителни случаи и потврдени […]

Заштитните маски поскапеле заради набавните цени, а не поради маржите


Заштитните маски и други производи за заштита од корона вирусот поскапеле заради набавните цени, а не поради несоодветно однесување на продавачите и аптеките, беше соопштено денес на заедничка прес-конференција на директорите на пет инспекторати што се одржа во Владата. „Ние немаме домашен производител и зависни сме со каква количина и со каква цена ги увезуваме […]

Словенечкото езеро Блед целосно поцрвене


Езерото Блед, кое е едно од најпознатите туристички места во Словенија доби комплетно црвена боја. Eзерото уште пред еден месец почнало да добива црвена боја, но последниве денови тоа целосно поцрвене.Според биолозите ова се доlжи на брзото размножување на цијанобактериите во езерото.

Почнува средбата на експертите за изборите


Откако лидерите решија дека треба да се одложат  предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, се договори и средбата на експертскиот тим што требаше да го формира претседателот Стево Пендаровски и кој треба да најде правна основа како да се одлоѓат старите, да се распишат нови избори и како да се прогласи евентуално вонредна состојба. […]

Ако продолжат верските собири Филипче ќе предложи нивна забрана


Погребите да се прават во кругот на семејството, да не се посетуваат бањско климатски лекувалишта, домовите за стари лица да го намалат бројот на нови лица за згрижување, граѓаните да не ангажираат мајстори за реновирање, апелираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче повторувајќи ја препораката за избегнување места со поголем број луѓе како […]

Димитров: Веројатно дигитален ќе биде состанокот за влез во следната фаза на евроинтеграциите


Шефот на дипломатијата Никола Димитров во овие, како што рече, исклучително вонредни кризни околности не сака да дава прогнози за тоа дали ќе добиеме зелено светло за датум за почеток на преговори со Унијата, но напомена дека не гледа суштински пречки конечно да влеземе во следната фаза од евроинтеграциите. Тој денеска на заедничката прес-конференција со […]

Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен од утре на полноќ


Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен утре од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата од синоќешната седница за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, соопшти денеска концесионерот ТАВ Македонија. Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – […]

МВР: Од утре изменето работно време на отсеците за управни работи


Во насока на почитување на заклучоците, мерките и препораките на Владата, а со цел превенција од ширење на коронавирусот, Отсеците за управни работи и Одделението за управни работи Скопје во состав на Одделот за граѓански работи при МВР, започнувајќи од утре, среда ( 18 март.) ќе работат со изменето работно време. Како што соопшти МВР, […]

Филипче: Пикот за околу месец дена, се очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19


Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки. -Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да […]

Свадба за време на коронавирус: И ти биди невеста со маска


Хрватска (Глориа. хр) – Маските во целиот свет станаа составен дел од живеењето, а сега е и моден додаток во кризните времиња. Ѝ текна на хрватската дизајнерка Весна Претковиќ, и ги украси излозите во својот салон во Загреб со невести во венчаници кои носат маски. -Ситуацијата со короната е неизвесна и ова се само неколку […]

(ВИДЕО) Заев побарал вонредна состојба, експерти ќе решаваат за изборите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев побарал од претседателот Стево Пендаровски да формира експертски тим кој ќе бара решение како да се најде правна основа за одлагање на изборите, за нивно повторно закажување и за прогласување на вонредна состојба.  Според Заев со Уставот се пропишани слободи и права на граѓаните кои можат да се ограничат само […]

НБМ ги чува парите во карантин пред повторно да ги пушти во оптек


Заради заштита на здравјето да се намали употребата на готовина, апелира Народната банка и препорачува банките да ги намалат провизиите за безготовински трансакции   Народната банка на Македонија уште еднаш апелира граѓаните помалку да користат готови пари особено сега во време на заканата од корона вирусот. „Со оглед на тоа што готовината се смета за […]