Столтенберг: Добредојдовте во НАТО


Од посетата на Столтенберг на Скопје во 2019 година (Фото: Б. Грданоски)

Генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на Пристапниот протокол од шпанскиот Сенат и го честита членството на Северна Македонија.

„Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите сојузници и посакаа добредојде на идната 30-та земја членка. Честитки, Северна Македонија“, објави на својот Твитер профил Столтенберг.

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со корона вирусот во земјата.