Манчевски: Има услови на пазарот за дополнителен мобилен оператор


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, ги претстави условите за инвестирање во Република Северна Македонија. Тој, како што соопшти МИОА, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“, а настанот на едно место собра дел од заинтересираните оператори …

Манчевски: Има услови на пазарот за дополнителен мобилен оператор Read More »

Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената


Хрватска– Фекалиите во хрватскиот дел од Јадранот се видливи од вселената, пренесуваат хрватски медиуми. Загадувањето на Јадранот има такви размери што фекалии близу Водњан, во Истра, се регистрирани дури и на снимки од вселената. Експертите се согласуваат дека местата што се гледаат на сателитските слики на „Гугл мапс“ во областа недалеку од канализацијата кај Водњан, …

Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената Read More »

Џек Ма официјално се пензионира


Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Алибаба. Тој заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари. Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на …

Џек Ма официјално се пензионира Read More »

Горјан Милошевски, драматург: Ако не престанеме со екоцидот, ќе продолжиме да си копаме гробови


Текстот „Шепоти од вода“ на драматургот Горјан Милошевски неодамна беше поставен на сцената на струмичкиот театар во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Иако текстот е работен неколку години, проблематиката со која се занимава сега е особено актуелна во светот. Како човештвото ја уништува природата, проблемот со рудниците, кој допрва доаѓа кај нас… Повеќеслојниот текст се осврнува …

Горјан Милошевски, драматург: Ако не престанеме со екоцидот, ќе продолжиме да си копаме гробови Read More »

Детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета – нема да се градат згради


Откако по некои портали и социјалните мрежи се прошири информација дека на почетокот на детската улица во Ново Лисиче, предвидена е изградба на згради на местото на зеленило, Општина Аеродром соопшти дека тоа се невистинити информации. – Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните …

Детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета – нема да се градат згради Read More »

Поради штрајк, откажани стотици летови на Бритиш ервејс


Англија– „Бритиш ервејс“ денеска откажа стотици поаѓања поради пилотите кои продолжија со 48-часовен штрајк во кој бараат зголемување на платите. Авиокомпанијата процени дека дводневниот штрајк, што започна вчера, ќе влијае на 195.000 клиенти. Штрајкот е еден од најголемите во историјата на авиокомпанијата и прв на нејзините пилоти. Според британското здружение на пилоти на авиокомпанијата (Балпа), …

Поради штрајк, откажани стотици летови на Бритиш ервејс Read More »

Радиоактивна вода од Фукушима може да влезе во океанот


Јапонската  компанија „Токио Електрик“ (Тепко) ќе мора да ослободи радиоактивна вода во Пацификот од оштетената нуклеарка Фукушима, бидејќи нема доволно простор за складирање на тоа, изјави јапонскиот министер за животна средина Јошијаки Харада. Тепко собра повеќе од еден милион тони загадена вода од цевките за ладење кои го спречуваат топењето на јадрото, бидејќи електричната централа …

Радиоактивна вода од Фукушима може да влезе во океанот Read More »

По налет на тајфун околу 17.000 луѓе блокирани на аеродромот Токио – Нарита


Околу 17.000 луѓе се блокирани на аеродромот Токио – Нарита по налетот на тајфунот кој го парализира железничкиот и автобускиот сообраќај во главниот град на Јапонија, Токио. Во делови на Токио во прекин е и снабдувањето со електрична енергија, поради што е отежнат и сообраќајот. Во невремето едно лице загина, а неколку десетици се повредени.

МНТ ја почнува новата сезона, на 24 септември премиера на „Бесачи“


Македонскиот народен театар утре ја почнува новата театарска сезона. На репертоарот утревечер е „Не се клади на Енглези“ на режисерот Синиша Евтимов, која ќе биде изведена и на 16 септември. Првата премиера во новата сезона на МНТ е на 24 септември – „Бесачи“ која ја подготвува бугарскиот режисер Јавор Грдев. Претставата е според „Hangmen“ – …

МНТ ја почнува новата сезона, на 24 септември премиера на „Бесачи“ Read More »

Модна недела во Њујорк: Тес и ја украде славата на Бела Хадид


САД– Плус сајз манекенката Тес Холидеј  (34) им ја украде славата на анорексичните манекенки, кога прошета на ревијата на „Хромат“ во рамките на Модната недела во Њујорк. Во тесен бел-корсет фустан годро ги прошета 127 килограми. Британската манекенка неколку пати претходно ја прозивал угледниот новинар Пирс Морган кој смета дека таа не е плус сајз …

Модна недела во Њујорк: Тес и ја украде славата на Бела Хадид Read More »

Работилница за филмски маркетинг со Матијас Ношис, основач на „Алфапанда“


Основачот на маркетинг-агенцијата за филм „Алфапанда“ (Alphapanda) Матијас Ношис на 2 и 3 октомври во Скопје ќе одржи предавање и работилница специјално наменета и адаптирана за македонските филмски професионалци за нивно усовршување во областа на филмскиот маркетинг и развојот на маркетинг-стратегија, соопшти МЕДИА Деск МК. Во програмата ќе бидат опфатени главните аспекти на маркетинг во …

Работилница за филмски маркетинг со Матијас Ношис, основач на „Алфапанда“ Read More »

УНВТО: Бројот на туристички посети поголем за четири отсто


САД – Бројот меѓународни туристички посети и патувања во светски рамки, пораснал за четири отсто во првата половина од оваа година, што е речиси 30 милиони повеќе од истиот период лани. Сега бројката изнесува 671 милион, соопшти Светската туристичка организација при Обединетите Нации (УНВТО). „Порастот на меѓународни туристички патувања во светот во првата половина на оваа година …

УНВТО: Бројот на туристички посети поголем за четири отсто Read More »

Бр. 504


Наум Котевски – Кога ни се лоши од државни празници Мора да престанеме со екоцидот Заев и Мицковски ќе пресечат за СЈО Фирми-ќерки прелеале во Британија 177 милиони евра кредити Тешки загуби на партијата на Путин во Москва Надал неможе да ги скрие емоциите по триумфот во Њујорк

Ле Паризиен: Шумахер тајно пренесен во болница во Париз


Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер е тајно хоспитализиран на клиника во Париз, објави „Ле Паризиен“. Според изворот, тој бил пренесен од вила во Швајцарија и однесен во болницата „Жорж Помпиду“. За време на транспортот, Шумахер бил внимателно скриен од јавноста. Тој бил придружуван од околу 10 лекари. На 29 декември 2013 година, Шумахер …

Ле Паризиен: Шумахер тајно пренесен во болница во Париз Read More »

Имаме најевтин алкохол во цела Европа


Најскап алкохол меѓу сите 28 земји членки на Европска унија плаќаат жителите на Финска, додека најевтин на Бугарија и Романија, покажуваат податоците на Еуростат за 2018 година. На ниво на цела Европа цената на жесток алкохол, вино и пиво е најниска во Северна Македонија и во Босна и Херцеговина, додека највисока во Исланд и Норвешка. …

Имаме најевтин алкохол во цела Европа Read More »

Почнува четвртфиналната фаза на Светското кошаркарско првенство


На Светското првенство во кошарка во Кина денес стартува елиминациската фаза. По завршувањето на двете групни рунди, меѓу осумте најдобри од фаворитите ги нема Грција, Русија и Литванија, а пријатно изненадија Полска и Чешка. Четвртфиналето ќе почне во 13 часот со средбата Аргентина – Србија. На вториот денешен дуел, од 15 часот ќе играат Шпанија …

Почнува четвртфиналната фаза на Светското кошаркарско првенство Read More »

Џонсон со уште еден пораз дома, но има варијанти за акција, тврдат медиуми


Оставката на претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент Џон Баркоу е најновата вест во сагата за брегзит, нагласува францускиот весник Паризиен. Неговата изјава веднаш се претвори во политичко предупредување. – Долниот дом е место полно претежно со луѓе мотивирани од идејата за национален интерес и јавно добро, како и од обврските да правата добро …

Џонсон со уште еден пораз дома, но има варијанти за акција, тврдат медиуми Read More »

Димитров во посета на Брисел и Берлин


По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Брисел, од каде ќе замине за Берлин. Во фокусот и на овие средби, како што соопшти МНР, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават …

Димитров во посета на Брисел и Берлин Read More »

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и неисправни лифтови


Врз основа на Програмата за измени и дополнувања на комунални дејности на Општина Центар – Скопје за 2019 година, објавува повик за субвенции за замена на покриви и поправка на лифтови. Финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради на подрачјето на Општина Центар изнесува 30 отсто …

Општина Центар субвенционира поправка на покриви и неисправни лифтови Read More »

Надал по четврти пат го освои УС Опен


САД– Шпанецот Рафаел Надал е победник на годинашното издание од Грен слемот УС опен. Тој во недела вечер, во финалето, по речиси пет часа борба го совлада Русинот Данил Медведев со 3-2, по сетови 7:5, 6:3, 5:7, 4:6 и 6:4. За Надал ова беше четврти трофеј во Њујорк и сега му фали само уште еден …

Надал по четврти пат го освои УС Опен Read More »