Почнува четвртфиналната фаза на Светското кошаркарско првенство


На Светското првенство во кошарка во Кина денес стартува елиминациската фаза.

По завршувањето на двете групни рунди, меѓу осумте најдобри од фаворитите ги нема Грција, Русија и Литванија, а пријатно изненадија Полска и Чешка.

Четвртфиналето ќе почне во 13 часот со средбата Аргентина – Србија.

На вториот денешен дуел, од 15 часот ќе играат Шпанија – Полска.

Другите две четвртфинални пресметки се закажани за утре. Во нив ќе се соочат:
САД – Франција и
Австралија – Чешка.