Еден час се чека на „Евзони“, на „Богородица“ десетина минути


Еден час на „Евзони“ и десетина минути на „Богородица“, толку се чека на граничните премини, а интензитетот на сообраќајот е зголемен поради празничниот викенд. Како што велат од дежурната служба на граничниот премин „Богородица“, туристите од земјава и странство кои патуваат кон летувалиштата на Егејско море чекаат само десетина минути додека се извршат задолжителните царински …

Еден час се чека на „Евзони“, на „Богородица“ десетина минути Read More »

Џафери: „Сите сме деца на Илинден“ е концепт на заедничките вредности што ги славиме


Кога ги одбележуваме двата Илиндена и кога изразуваме неизмерна почит и благодарност до сите Илинденци, сакам од ова место да се заблагодарам на сите граѓани на Република Северна Македонија за нивната истрајност, за нивната лојалност и за одговорното пренесување на аманетот на Илинденците, впрочем, вие само го потврдувате тоа што го велите и слоганот за …

Џафери: „Сите сме деца на Илинден“ е концепт на заедничките вредности што ги славиме Read More »

Тешка сообраќајка кај Гостивар: Повредени пет лица, од кои три деца


Утрово на автопатот Тетово – Гостивар се случила тешка сообраќајка откако три возила се судриле непосредно кај наплатната рампа пред Гостивар. Во сообраќајката кај клучката Камењане, повредени се три деца и двајца возрасни. Од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат дека во несреќата учествувале три возила, од кои едното со британски регистарски таблички. Сите повредени …

Тешка сообраќајка кај Гостивар: Повредени пет лица, од кои три деца Read More »

Во масакрот во Загреб убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете


Во населба во Загреб синоќа околу 21.30 часот се случи шесткратно убиство во кое се убиени двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Тоа го соопшти утрово загрепската полиција. Претходно, локални медиуми јавуваа за четири убиени деца. Преживеано е само седуммесечно бебе кое не е повредено. На местото на масакрот се уште се врши увид, …

Во масакрот во Загреб убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете Read More »

Ден на Републиката – одбележување на двата историски Илиндена


Под слоганот „Сите сме деца на Илинден“  денеска се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната свеченост ќе се одржи во Крушево, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев ќе положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен. Точно напладне по интонирањето на државната …

Ден на Републиката – одбележување на двата историски Илиндена Read More »

Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“


Осудениот бизнисмен Сеад Кочан вечерва од приватна болница каде наводно се лекуваше, полицијата го однесе во затворот „Идризово“ на издржување на казната од четири години и осум месеци затвор на којашто е правосилно осуден во случајот „Труст“. Судија за извршување на санкции го отфрли и неговото последно барање за одложување на затворската казна и вечерва …

Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“ Read More »

Сирија се согласи на условно примирје во Идлиб


Сирија се согласи за примирје во северозападниот регион Идлиб, кое треба да почне од вечерва, јави државната сириска новинска агенција САНА. Цитирајќи воен извор, агенцијата соопшти дека примирјето ќе спроведе под услов да се спроведе турско-рускиот договор што беше постигнат во Сочи во септември за создавање на демилитаризирана тампон зона во Идлиб. САНА објави дека, …

Сирија се согласи на условно примирје во Идлиб Read More »

Млад Македонец загина во Малта


Млад Македонец на возраст од 28 години починал утрово во несреќен случај додека работел во Малта. Според информациите објавени во медиумите во Малта, младото момче загинало од струен удар. Младиот Мартин Калинчев утрово околу 9.30 часот работел качен во дигалка, а кобниот момент се случил кога допрел електрични кабли. Повикана е брза помош која го …

Млад Македонец загина во Малта Read More »

Мемоарите на Сноуден ќе бидат објавени во септември


Поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност (НСА) Едвард Сноуден напиша мемоари кои ќе бидат објавени на 17 септември. Книгата на човекот кој објави доверливи документи на НСА во исто време ќе биде објавена во повеќе од 20 земји во светот, соопшти издавачката куќа Метрополитен букс. Сноуден во книгата ја опишува својата улога во …

Мемоарите на Сноуден ќе бидат објавени во септември Read More »

Бугарките и Романките – најмлади мајки во ЕУ


Жените во Бугарија и Романија се најмладите мајки во Европската унија, покажуваат податоци на Евростат кои ги цитира украинскиот онлајн весник „Европска правда“. Според Евростат, секое осмо дете во ЕУ, родено од мајка помлада од 20 години, е од Бугарија или Романија. Најголем удел во раѓање на први деца од страна на млади мајки под …

Бугарките и Романките – најмлади мајки во ЕУ Read More »

Британска студентка падна од авион


Британската студентка Аланда Катленд загина при пад од авион „цесна“ за време на студиско патување на Мадагаскар. Полицијата соопшти дека таа паднала од авионот десетина минути по полетувањето, кога леталото било на висина од повеќе од 1000 метри. Според „Индипендент“, локалната полиција истражува дали студентката од Кембриџ сама ја отворила вратата и скокнала од авионот. …

Британска студентка падна од авион Read More »

Лековите на рецепт и специјалистичките услуги подостапни за пациентите


Владата на 148. седница ја усвои Предлог-уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи со што се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), согласно финансиските можности на фондот, соопшти Министерството за здравство. Со измените на Уредбата се овозможува проширување на …

Лековите на рецепт и специјалистичките услуги подостапни за пациентите Read More »

Заев: Дојран доби точка од историско значење – ќе привлече туристи


Со полагање цвеќе од премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Република Бугарија, Бојко Борисов на споменикот на бугарскиот полковник Константин Каваrнaлиев подигнат кај Дојран, продолжи денешната посета на високата бугарска делегација и одбележувањето на две годишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу двете држави. Премиерот Заев истакна дека овој споменик е …

Заев: Дојран доби точка од историско значење – ќе привлече туристи Read More »

(Фото) Откриен споменикот на Каварналиев во Дојран


Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска од Скопје заминаа за Дојран. Таму положија венци на споменикот на бугарскиот полковник Константин Каварналиев, откако во Скопје во црквата „Свети Спас“ се поклонија на гробот на Гоце Делчев. Како што објави „Независен весник“https://nezavisen.mk/mechkin-kamen-bojno-pole-za-dokazhuvanje-patriotizam/ во денешното печатено издание споменикот е откриен на местото …

(Фото) Откриен споменикот на Каварналиев во Дојран Read More »

Култот кон оружјето пука кај недолжните


Синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми и нивниот роднина што беа погодени од заскитан куршум на свадба завчеравечер во Мала Речица, се надвор од животна опасност. Од тетовската болница информираат дека двајцата ранети момчиња имале повреди на градите и поради сериозноста се однесени на скопската Клиника за торакална хирургија. Веднаш им била извршена операција, …

Култот кон оружјето пука кај недолжните Read More »

Мечкин Камен – бојно поле за докажување патриотизам


Веќе како по традиција, во исклучително поларизирана атмосфера се  пречекува 116-годишнината од Илинденското востание и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, кога се удрени темелите на македонската држава. Прославата годинава е под мотото „Сите сме деца на Илинден“, но според сите најави она што ќе се случува во Крушево инстантно ќе го пречкрта тоа „сите“ …

Мечкин Камен – бојно поле за докажување патриотизам Read More »

Дескоска: Не е пристигнато барање за екстрадиција на Морина


До Министерството за правда не е пристигнато барање за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина. Штом ќе пристигне, веднаш ќе биде препратено на судовите кои ќе треба да одлучат по тоа барање, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска. Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за правда ја објасни процедурата. Според нашиот закон, барањето за …

Дескоска: Не е пристигнато барање за екстрадиција на Морина Read More »

Порошенко под нова истрага


Киев –Украинското Национално истражно биро покрена истрага против поранешниот претседател Петро Порошенко и негови соработници поради префрлање голема сума  девизи од државната одбранбена компанија „Укроборонпром“ на сметка на офшор компанија врз основа на лажни договори. – Покренат е нов кривичен случај, кој би можел да погоди десетина соработници на Порошенко. Националното истражно биро вчера покрена …

Порошенко под нова истрага Read More »

Кочан побарал ново одложување на издржувањето на казната


Сеат Кочан, кој е правосилно обвинет во случајот „Труст“, доставил ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор, поради здравствени причини, информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје – Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со издржувањето на казната затвор на еден од правосилно осудените лица во предметот 1459/17 од Обвинителството означен како …

Кочан побарал ново одложување на издржувањето на казната Read More »

„Не те вадам од памет“ – нова песна на Лозано


На само еден ден пред неговиот концерт на 2 Август на стадионот „Билјанини извори” во Охрид, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна „Не те вадам од памет”, на која како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска. За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел …

„Не те вадам од памет“ – нова песна на Лозано Read More »