Тешка сообраќајка кај Гостивар: Повредени пет лица, од кои три деца


Фото: Охрид Прес

Утрово на автопатот Тетово – Гостивар се случила тешка сообраќајка откако три возила се судриле непосредно кај наплатната рампа пред Гостивар.

Во сообраќајката кај клучката Камењане, повредени се три деца и двајца возрасни.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираат дека во несреќата учествувале три возила, од кои едното со британски регистарски таблички.

Сите повредени се пренесени во тетовската болница за да добијат лекарска помош.

Сообраќајната несреќа предизвика застој од два часа во сообраќајот, кој од 9 часот е нормализиран.Извршен е увид од страна на увидната екипа на полицијата и заменик-јавен обвинител.

Фото – Охрид Прес