„Не те вадам од памет“ – нова песна на Лозано


На само еден ден пред неговиот концерт на 2 Август на стадионот „Билјанини извори” во Охрид, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна „Не те вадам од памет”, на која како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.

За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него се појавува и главната улога ја има и Мартина Михајловска.

– Ова е нешто ново и можеби поразлично од мене досега. Убеден сум дека ќе ѝ се допадне на публиката и со нетрпение чекам да ја испеам на концертот на стадионот “Билјанини извори” – вели Лозано во неговата куса изјава.

Концерот за Илинден во Охрид, кој е во организација на  „Прагма продукција”, ќе почне во 19 часот, а пред Лозано на големата бина  ќе настапат неговите помлади колешки, Антониа Гиговска и Лина Пејовска.