(Фото) Откриен споменикот на Каварналиев во Дојран


Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска од Скопје заминаа за Дојран. Таму положија венци на споменикот на бугарскиот полковник Константин Каварналиев, откако во Скопје во црквата „Свети Спас“ се поклонија на гробот на Гоце Делчев.

Како што објави „Независен весник“https://nezavisen.mk/mechkin-kamen-bojno-pole-za-dokazhuvanje-patriotizam/ во денешното печатено издание споменикот е откриен на местото на кое полковник Каварналиев  загинал во 1913 година, во битката против грчката војска за време на Втората балканска војна – чин, кој иако Заев го најави на почетокот на годината, деновиве предизвика полемики во јавноста. Дел од историчарите сметаат дека не требало да се избрзува со одлуката за возобновување на паметникот.

Фото: Борис Грданоски

„Основното прашање е кој е Каварналиев и кој е неговиот придонес за Македонија. Имено, станува збор за бугарски полковник кој бил дел од борбата за поделба на Македонија. Тој можеби е значајна историска личност за Бугарија, но во македонската меморија нема свое место“, вели професорот Тодор Чепреганов.

Фото: Борис Грданоски