Сирија се согласи на условно примирје во Идлиб


Сирија се согласи за примирје во северозападниот регион Идлиб, кое треба да почне од вечерва, јави државната сириска новинска агенција САНА.

Цитирајќи воен извор, агенцијата соопшти дека примирјето ќе спроведе под услов да се спроведе турско-рускиот договор што беше постигнат во Сочи во септември за создавање на демилитаризирана тампон зона во Идлиб.

САНА објави дека, според договорот од Сочи, џихадистичките и бунтовничките групи треба да го повлечат тешкото и средно оружје од тампон-зоната.

Договорот од Сочи предвидува тампон-зона во област од 15 до 20 квадратни километри која треба да ги раздели сириските трупи и бунтовниците во Идлиб, последното упориште на бунтовниците, и ќе биде под надзор на руски и турски трупи.