Млад Македонец загина во Малта


Млад Македонец на возраст од 28 години починал утрово во несреќен случај додека работел во Малта.

Според информациите објавени во медиумите во Малта, младото момче загинало од струен удар.

Младиот Мартин Калинчев утрово околу 9.30 часот работел качен во дигалка, а кобниот момент се случил кога допрел електрични кабли.

Повикана е брза помош која го префрлила во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.

Истрагата е во тек.