Поради „доцнење на платата“ подметнал пожар, па ги убивал соседите кои бегале од огнот


Јужнокорејската полиција уапси 42-годишен маж обвинет за подметнување пожар и убиство на пет лица. Според полицијата, уапсениот прво подметнал пожар во неговиот стан, a потоа со нож ги напаѓал соседите кои се обидувале да побегнат од опожарената зграда. Притоа, тој усмртил пет лица, меѓу кои и едно 12-годишно девојче, а им нанел повреди на уште […]

Кој македонски дизајнер креира уникатни парчиња за македонската естрада?


Тамара, Викторија Лоба, Лозано, Биг Мама, Елена Стефановска, Кристина Арнаудова, Теа, Ведрана се само дел од познатите личности за кои битолскиот дизајнер Андреј Папаз креира уникатни парчиња. Тој за сите нив дизајнира специјални креации за настапите, концертите, јавните говори, видео записите, емисиите, како и за нивните гламурозно чекорења на црвениот тепих за гала настани. „Соработката […]

Крадците на НЛБ банка имале јатаци?


Експозитурата на НЛБ Банка во скопската населба Чаир, која беше ограбена во понеделникот, вчера остана затворена, а крадците останаа недостапни за полицијата. Управата на банката утврди дека во грабежот биле украдени 150.000 евра. Иако Министерството за внатрешни работи соопшти дека при грабежот бил повреден само чуварот, сепак во соопштението од банката се вели дека имало […]

Дополнителни 500 билети во продажба за дуелот на Вардар со ПИК Сегед


Поради големиот интерес за натпреварот од четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на ПИК Сегед, РК Вардар денеска пушта во продажба дополнителен контингент на билети. – Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ 500 билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ. Цената […]

Изложба во Скопје: Европската мода на црногорскиот двор


Вечерва, во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. На отварањето ќе присуствуваат и министерот за култура Асаф Адеми и неговиот колега од Црна Гора Александар Богдановиќ. Двајцата министри денес во Скопје ќе […]

(ВИДЕО) Револтиран гостиварец со пиштол ќе одел во ДИК, оти бришеле живи луѓе


При вчерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, револтиран граѓанин се закани дека со пиштол ќе се појави во Државната изборна комисија. Тој рече дека бил револтиран бидејќи ДИК бришеле живи луѓе од Избирачкиот список. – Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. […]

СЗО предупредува: Украина, Мадагаскар, Индија, Бразил – епидемии од морбили


Светската здравствена организација соопшти дека бројот заболени од мали сипаници ширум светот во првите три месеци од 2019 година се зголемило за четири пати. СЗО наведува дека епидемиите се бележат во сите делови од светот, а најдраматичен раст е забележан во Африка – повеќе од 700 отсто, пренесе BBC. Вистинските бројки може да бидат многукратно […]

Холивуд страда од биполарно однесување: 18 славни личности прозбореа


САД- Славата има цена. Не е сѐ во парите, моќта и забавите. Холивуд страда од биполарно однесување. 18 славни личности прозбореа за оваа болест која се манифестира со менување на расположението, од енергично однесување до паѓање во депресија. Кетрин Зита- Џонс, Мел Гибсон, Мараја Кери, Деми Ловато, Жан Клод Ван Дам, Расел Бренд, покојниот Курт […]

Од јуни попусти за младите со „Младинска картичка“


Очекуваме во јуни да почне имплементацијата на проектот „Младинска картичка“. До крајот на овој месец ќе објавиме повик за да аплицираат младите. Го имаме направено дизајнот на картичката и очекувам најмалку триесетина илјади млади да аплицираат за да можат да ја добијат и да имаат соодветен попуст. Картичката е наменета за сите млади на возраст […]

Мицкоски: Ако бидам премиер ќе ја викам Македонија – нека ми го земат мандатот


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ 21 рече дека ако во иднина биде премиер, ќе го употребува името Македонија, и по цена да му го одземат мандатот. -Ова е за мене Македонија и Македонија ќе остане. За да се случи промена на Уставот, ние чесно пред граѓаните ќе излеземе со […]

(Фото) Никнува цел туристичко-рекреативен комплекс на Козјак


Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“. Токму недостигот на […]

ДИК треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии


Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените лоакани во три општини. Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите. Денеска на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат […]

Претседателскиот праг мора да се преиспита


Во самите почетоци на независноста, кога се подготвуваше Уставот на Македонија,  неговите творци не помислувале дека високиот праг за избор на шеф на државата веќе во новата декада ќе стане тешко достижен и ќе отвори простор за разни политички маневри и пазарења. Оттогаш поминаа безмалку 28 години, така што во меѓувреме цензусот во вториот круг […]

Скопје и Атина ја зајакнуваат соработката во форензиката и судската медицина


Презентација на проект финансиран од Европската унија меѓу Лабораторијата за форензика и токсикологија од Атина и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија од Скопје ќе се одржи денеска на Деканатот на Медицинскиот факултет. Станува збор за проект преку кој се врши стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска […]

Скопски филмски фестивал од денеска до 25 април


Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, денеска во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми. Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја […]

Потпишување Програма за културна соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора


Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе оствари билатерална средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ. Двајцата министри по средбата ќе потпишат нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора за периодот […]

Трамп контра Винтур: Насловницата на „Вог“ не ме дефинира како прва дама


САД – Портпаролката на Меланија Трамп ѝ одговори на Ана Винтур откако таа сугерираше дека нема да ја стави актуелната прва дама на насловната страница на модното списание „Вог“ по едно неодамнешно интервју. Додека разговараше за политиката на списанието со водителката на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур, минатата недела, главната уредничка на „Вог“ не кажа експлицитно дека […]

„Топлик“, „Триста“ и „Титаник 3“ на СЈО денеска во Кривичен


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Топлик“ и „Титаник 3“ и „Триста“. Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица. Според обвинението на […]

Промоција на монографија „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“


Промоција на монографско издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка ќе се одржи денеска во објектот Даут пашин амам на Националната галерија. Изданието насловено „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“ содржи повеќе текстови од истакнати автори за неговото творештво. Книгата која е издадена на македонски и на англиски јазик […]

Нотр Дам да нè освести за односот спрема нашето културно наследство


Пустошот што го остави големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам предизвика загриженост кај целата светска јавност. Ова не нè одмина ниту нас, особено што заштитата на нашето културно наследство со години е на маргините. И катастрофите не ни се непознати, бидејќи имавме два големи пожари во манастирите Трескавец и Бигорски,  со години само на […]