Генерал-мајор Ерменц, началник на ГШ на Словенија во посета на Армијата


Делегација на војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, е во официјална посета на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. За време на посетата денеска во Генералштабот, генерал-мајор Ерменц ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а ќе биде примена и од министерката за одбрана, […]

Рецензија: „Дамбо“


Студијата „Дизни“ со десетлетија наназад беа критикувани од интелектуалците дека воделе сомнителна кадровска политика, со таа разлика што во нашава држава т.н. интелектуалци се замолкнати чеда на корупцијата, додека во САД тие се навистина она што се нарекуваат. Некој чијшто глас го слуша уморниот, преработен пуританец, а кои впрочем и по закон се должни да […]

Њујорк најавува нови мерки против морбили


САД-Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија нови мерки во борба против ширењето морбили. Властите имаат проблеми со епидемијата на мали сипаници во екстремни православни еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација. Како мерка се планира на заболените од морбили да им се нареди да не ја […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Храбри, креативни и ентузијастични, денес сте подготвени да им пристапите на работите на нов начин: со Меркур во вашиот знак ќе загосподарите со ситуацијата и ќе ги објавите нужните промени. Дилемите се распрснуваат како рана утринска роса и природно ги следите своите склоности. Не претерувајте во правењето на поента. Умереност. БИК: Денес успевате да […]

„Газета Експрес“: Меркел и Макрон на 29 април ќе предложат решение за Косово со двоен суверенитет


Германија и Франција на средбата на државните раководства на Косово и Србија на 29 април во Берлин ќе настапат со план за договор меѓу двете земји, со кој во извесна мерка ќе се удоволи на барањата на Белград, но кој не предвидува поделба на Косово, објави вечерва приштинскиот портал „Газета Експрес“. Неименувани извори на порталот, […]

(ВИДЕО) Барселона го демолираше Јунајтед, Ајакс режираше ново чудо


Барселона и Ајакс се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите, откако вечерва успешно ги минаа четвртфиналните двомечи против Манчестер Јунајтед, односно Јувентус. Екипата на Барселона го пречека Манчестер Јунајтед на домашен терен на „Камп Ноу“ и со фантастичната игра во првото полувреме го потврди својот пласман меѓу четирите најдобри во ЛШ, откако претходно славеше со […]

Пендаровски: Да излеземе сите и да покажеме дека сакаме заедно да одиме напред


Нема друг да ни ја заврши работата, мора масовно да излеземе сите и да покажеме дека огромна бројка граѓани сакаат сите заедно да одиме напред, а не да се враќаме во лошото минато, порача вечерва во Гостивар заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Нагласи дека, додека претходната власт ги наполни куферите […]

Силјановска: Ќе одржиме пролетна лекција по демократија


Пролетна лекција по демократија за власта на претседателските избори на 21 април и на 5 мај, најави кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Гази Баба. -Претседателка не се станува без граѓаните и на таа функција ќе бидам за нивните потреби. Нема поубаво време од пролетта за реформи, […]

Филипче: Вакцинацијата единствен начин што поскоро да се стави крај на епидемијата


Ќе го употребам речникот на епидемиолозите, вирусот мора да изгори, а вакцинацијата е единствениот начин да се стави крај што поскоро на оваа епидемија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на здравствениот дом во Крива Паланка одговарајќи на новинарско прашање како ќе се решава новонастанатата состојба со епидемијата на морбили на територијата […]

Собрани 600 милиони евра, Макрон верува дека Нотр Дам ќе биде обновен за пет години


Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека Нотр Дам во рок од пет години ќе биде обновен, откако во синоќешниот голем пожар оваа катедрала е многу оштетена. -Ние повторно ќе го изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години, изјави Макрон, дополнувајќи дека […]

Меркел и Макрон нудат решение за Косово со двоен суверенитет


Германија и Франција на средбата на државните раководства на Косово и Србија на 29 април во Берлин ќе настапат со план за договор меѓу двете земји, со кој во извесна мерка ќе се удоволи на барањата на Белград, но кој не предвидува поделба на Косово, објави вечерва приштинскиот портал „Газета Експрес“. Неименувани извори на порталот, […]

Насловната на „Шарли Ебдо“ во центарот на вниманието: Нотр Дам гори на главата на Макрон


Симболот на Париз, катедралата Нотр Дам, изгоре во страшен пожар. Светските медиуми пишуваат за несреќата, а насловната страница на овој настан ја посвети и „Шарли Ебдо“. Сатиричниот француски весник кој во центарот на вниманието дојде во јануари 2015 година по терористичкиот напад, со својата насловна страница повторно дојде во фокусот на јавноста. Претседателот на Франција […]

Пендаровски: Заедно напред за сигурна идина во НАТО и ЕУ, за инвестиции и повеќе пари кај граѓаните


Заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, денеска на трибина во Кичево, рече дека градот е пример за заедништво и сплотеност во различностите и ги повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас и да изберат напредок за сигурна идина во НАТО и ЕУ. Пендаровски посочи дека тука многу […]

Силјановска-Давкова: Без демократија нема ниту ЕУ, ниту НАТО


Канидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО. – Собранието треба да биде најспрестижната школа за демократија во која низ дијалог со аргументи […]

Ученици од Битола се самоповредувале поради „игри“ на Интернет, испратено барање за постапување


Секторот за внатрешни работи – Битола информира дека денеска од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола е доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување. Во соопштение до јавноста, СВР-Битола нагласуваат дека се постапува со најголема сериозност по барањето со цел […]

Противпожарниот аларм во Нотр Дам се огласил двапати, но првиот пат не виделе оган


Досега се сослушани околу 30 лица во врска со синоќешниот пожар во катедралата Нотр Дам, соопшти претставник на париското правосудство. Најголемиот дел од нив работеле на реставрација на катедралата. Според претставникот на париското правосудство, кој побарал да остане анонимен, противпожарниот аларм синоќа се огласил двапати. Првиот пат, неколку луѓе, меѓу кои и пожарникари кои биле постојано […]

Вечерва ќе бидат познати првите полуфиналисти во ЛШ, Ајакс и Јунајтед во (не)возможни мисии против Јуве и Барса


Барселона има предност од 1:0 од „Олд Трафорд“, импресивна серија од 30 меча без пораз на домашен терен во европските настапи и „брутална“ гол-разлика од 93:15. Јувентус, пак, е домаќин на Ајакс. Двата меча почнуваат во 21 часот. Фудбалерите на Манчестер јунајтед се соочуваат со тешка задача во четвртфиналниот реванш во Лигата на шампиони (ЛШ) […]

Конгресот побара „Дојче банк“ да сведочи за Трамп, демократите во исчекување на целосниот текст на извештајот на Малер


Американскиот Конгрес испрати покани до високи официјални личности од „Дојче банк“ да сведочат пред комитетите за финансии и разузнавање на Претставничкиот дом за финансиските работи на американскиот претседарел Доналд Трамп, јави „Ен-Пи-Ар“. Со овој чекор демократите укажуваат дека продолжуваат со истрагата и откривањето на информации за можни криминални активности на Трамп и негови бизнис партнери. […]

(ФОТО) Социјалните мрежи вријат – Татко и ќерка фотографирани еден час пред пожарот во Нотр Дам


Фотографија, најверојатно на татко и ќерка, настана пред Нотр Дам еден час пред пожарот, успеа да ги обедини луѓето ширум светот преку социјалните мрежи. Брук Виндзор, 23-годишна туристка, направила фотографија отприлика еден час пред страшниот пожар, кој пожарникарите со големи маки успеаја да го запрат. На фотографијата се наоѓаат маж и девојче додека си играат […]