(ФОТО) Социјалните мрежи вријат – Татко и ќерка фотографирани еден час пред пожарот во Нотр Дам


Фотографија, најверојатно на татко и ќерка, настана пред Нотр Дам еден час пред пожарот, успеа да ги обедини луѓето ширум светот преку социјалните мрежи.

Брук Виндзор, 23-годишна туристка, направила фотографија отприлика еден час пред страшниот пожар, кој пожарникарите со големи маки успеаја да го запрат.

На фотографијата се наоѓаат маж и девојче додека си играат пред катедралата.

„Ја снимив фотографијата во моментот кога го напуштавме Нотр Дам, еден час пред да зафати пожарот. За малку ќе отидев до таткото да го прашам дали ја сака фотографијата. Сега би сакала навистина да го направев тоа. Твитер, ако имаш некаква магија, помогни му да го пронајде ова“, напиша таа на својот Твитер профил.

Објавата досега е споделена преку 100.000 пати.

Брук Виндзор, која инаку е од Мичиген, изјави за „Би Би Си“ дека се уште не влегла во трагот на лицата кои се на нејзината фотографија.

Изјави дека не е сигурна дали станува збор за татко и ќерка, но го повика Твитер во помош.

„Ако бев јас во прашање, би сакала да имам спомен. Се надевам дека и тој се чувствува исто“, наведе таа и додаде дека додека траел пожарот стоела со илјадници луѓе на улиците и го гледала „хоророт“.

„Гледавме во шок и со скршено срце заедно со остатокот од Париз“, изјави таа.

„Ова би можело да биде историска фотографија“, наведоа дел од корисниците на Твитер.