СЗО предупредува: Украина, Мадагаскар, Индија, Бразил – епидемии од морбили


Светската здравствена организација соопшти дека бројот заболени од мали сипаници ширум светот во првите три месеци од 2019 година се зголемило за четири пати.

СЗО наведува дека епидемиите се бележат во сите делови од светот, а најдраматичен раст е забележан во Африка – повеќе од 700 отсто, пренесе BBC.

Вистинските бројки може да бидат многукратно поголеми, бидејќи глобално се пријавува само еден од десет случаи, наведува СЗО кој истакнува дека малите сипаници може да доведат до сериозни здравствени компликации, вклучувајќи заболувања на респираторниот систем и мозокот.

Украина, Мадагаскар и Индија се земји во кои малите сипаници се најраспространети – бележат десетици илјади случаи на милион жители. Само на Мадагаскар од септември лани починаа најмалку 800 луѓе.

Епидемија ги погоди и Бразил, Пакистан и јемен, „предизвикувајчи бројни смртни случаи – главно деца“, додека дојде до зголемување на бројот на заразени и во земјите со висок процент вакцинирани луѓе, вклучувајќи ги и САД и Тајланд.

Во 170 земји забележани се 112.163 случаи на мали сипаници, додека во истиот период во 2018 година во 163 земји имаќе само 28.124 случаи.

Повеќето заболени, 94 отсто, се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Обединетите нации наведуваат дека заблоувањето во целост е спречиво со вакцина, но глобалната покриеност на првата фаза од имунизацијата „застана“ на 85 отсто, и „не е достигнато нивото од 95 отсто вакцинирани што е потребно да се спречи избивање епитемии3.

Шефот на СЗО Тедрос Аданом Габрејесус и шефицата на УНИЦЕФ, Ханриета Форе истакнуваат дека светот е „на сред криза од морбили“ и дека за тоа се виновни конфусното ширење контрадикторни информации за вакцините.

Габрејесус и Форе наведуваат дека „разбирливо е во таква клима родителите да бидат изгубени“, но дека „на крајот на краиштата, нема расправа за суштинската корист од вакцината“. „Повеќе од 20 милиони животи се зачувани благодарение на вакцините против мали сипаници само од 2000 година наваму“, наведуваат шефовите на СЗО и УНИЦЕФ.