Холивуд страда од биполарно однесување: 18 славни личности прозбореа


САД- Славата има цена. Не е сѐ во парите, моќта и забавите. Холивуд страда од биполарно однесување. 18 славни личности прозбореа за оваа болест која се манифестира со менување на расположението, од енергично однесување до паѓање во депресија.


Кетрин Зита- Џонс, Мел Гибсон, Мараја Кери, Деми Ловато, Жан Клод Ван Дам, Расел Бренд, покојниот Курт Кобеин, се некои од ѕвездите кои прозбореа за својата здравствената состојба. Последна прозборе поп-ѕвездата со албанско потекло Бебе Реџа.
“Не разбирав зошто се чувствувам болно. Често чувствував пад во расположението поради што не сакав да ја напуштам својата куќа и поради што не сакав да бидам опкружена со луѓе, а не ни спиев, што често ме наведуваше да престанам со работа и да ставам крај на музичката кариера”, напишала Реџа на социјалните мрежи.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан неодамна проговори за лековите кои нејзиниот сопруг Кање Вест ги пие поради неговото биполарно однесување. Нагласила дека тие не функционираат и не помагаат за да го променат неговиот карактер и личност, пренесува Мирор.


Кање има 41 година и веќе неколку години се бори со своето пореметување, а 38 годишната Ким за американскиот „Вог“ открила дека точно може да претчувствува “биполарна епизода” и знае како да се однесува кога ќе започне таа.

“Сето тоа е емотивен процес, мојот сопруг сега е добро”, рекла Ким.


Раперот во ноември 2016 година заврши во болница откако го објави албумот Ye, чие мото гласеше “Мразам да бидам биполарен, тоа е одлично”. Тоа е воедно и првиот пат кога јавно проговори во врска со признанието за психичкото нарушување. Во неколку интервјуа говорел за тоа, а во едно интервју рекол дека пореметувањето му било дијагностицирано кога имал 39 години.