(ВИДЕО) Револтиран гостиварец со пиштол ќе одел во ДИК, оти бришеле живи луѓе

При вчерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, револтиран граѓанин се закани дека со пиштол ќе се појави во Државната изборна комисија.
Тој рече дека бил револтиран бидејќи ДИК бришеле живи луѓе од Избирачкиот список.
– Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. И не само јас има многу гостиварци кои се избришани. Ве молам да се преземе мерка – се обрати револтираниот граѓанин до кандидатот за Претседател од СДСМ, Пендаровски.
Откако Пендаровски му рече дека треба да отиде во ДИК, граѓанинот се закани дека ќе отиде со пиштол.
-Ќе им појдам со пиштол, рече тој.