Заев-Вучиќ: Пред нашите земји се нови иницијативи


Традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји, како исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области, со меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси, констатираа македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба во Белград. На средбата […]

Љајиќ: ЦЕФТА да го забрза протокот на стоки низ Балканот


Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ реагираше на долгото чекање на камионите кога минуваат од една во друга држава во регионот, кое трае од седум до 48 часа и побара реформи во регионалниот трговски блок ЦЕФТА, со што би се овозможил побрз проток на стоки низ Балканот. – Според податоците на ММФ, […]

Украина протера белоруски дипломат како реакција на мерките на Минск


Украина денеска соопшти дека протерала белоруски дипломат, како одговор на обвинувањата на Белорусија дека украинското Министерство за одбрана создало шпионска мрежа во Минск. – Украинското Министерство за надворешни работи донесе одлука да прогласи белоруски дипломат за персона нон грата. Тој веќе ја напушти земјата, наведе портпаролката на Министерството Мариана Беца. Таа посочи дека дипломатот, кој […]

Тејлор Свифт е најпродаван музичар во САД


САД- Поп-ѕвездата Тејлор Свифт е најпродавана музичарка во САД. Нејзиниот последен, шести студиски албум “Репутација“ (Reputation)е продаден во 1, 216 000  копии во првата недела од објавувањето, приближно како и претходниот албум “1989“. Во последната деценија само уште на “Битлси“ им успеа да го продадат албумот во милионски тираж, во 2000-та година, нивната  “Хит компалација […]

Почна исплатата на тутунот


Почна исплатата на тутунот од годинашната реколта. Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и фирмата „Пашоски“ веќе ги префрлија парите на сметките на тутунарите, потврдуваат од филијалата на Тутунска банка во Прилеп. Прилепскиот комбинат исплаќа од првиот ден на откупот, 16 ноември, и ќе продолжи континуирано. Производителот Рамадан Арсланоски од Прилеп е задоволен од процената […]

Истражување: Половина Македонци пушат, многумина земаат седативи


Речиси половина Македонци се активни пушачи. Фрапантен е и високиот процент на луѓе кои земаат седативи. Ова го покажа Извештајот за употреба на психоактивни супстанци од возрасното население во Македонија, кое денес беше презентирано на Институтот за јавно здравје. Истражувањето е спроведена на 5.005 испитаници на возраст од 15 – 64 години и се однесува […]

Со лажни дипломи станал командир на противпожарна служба во Старо Нагоричане


Со лажни дипломи за завршено образование О.С. (50) добил вработување на неопределено време на работно место како командир на територијална противпожарна единица во општина Старо Нагоричане. Полицијата поднесе кривична пријава против В.Д.(35) и Ш.З.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавениот, како одговорен […]

Малолетник со пиштол се возел во автобус


Малолетник од Скопје е фатен како се вози со пиштол во градски автобус. Инцидентот се случил во понеделникот околу 19 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката Бит пазар кога полициски службеници извршиле контрола во автобус што сообраќал од Транспортен центар. „При преглед кај 15-годишник од Скопје, бил пронајден еден гасен сигнален приштол марка ‘екол’ […]

Тинејџерка од Тетово загина во несреќен случај


Петнаесетгодишно девојче од тетовското село Доброште го загуби животот под чудни околности. Според информациите од полицијата, во полициското оделение во Теарце, вчеравечер околу 23 часот дошол Б.Б. (46) од Доброште, кој рекол дека истиот ден околу 15 часот заедно со неговата малолетна жерка со возило „махиндра“ биле во атарот на селото да собираат дрва. Во еден […]

Три лица од Скопје пријавени за исчезнати во одделни случаи


Три лица се пријавени за исчезнати во скопскиот регион, информира полицијата и трите случаи се засебни. На 20 ноември 2017 година во 21:30 часот С.Т. (48) од село Миладиновци, Скопско пријавил дека на 18 ноември 2017 година во 8 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка С.Т.(19). На истот ден во Полициската […]

Калиопи за српските медиуми прозборе за разводите и за синот Пако


Поп-ѕвездата Калиопи Букле, пред концертот во “Коларац“ во Белград, в сабота, за српските медиуми прозборе за приватниот живот кој го крие од македонските медиуми.Таа раскажувала како ги поднела разводите од композиторот Ромео Грил и актерот Васил Зафирчев, но и како се борела со тагите во својот живот, какви мажи и се додворуваат. Зборуваше и за […]

Заев му подари дрес од „Вардар“ на Вучиќ


Македонскиот премиер Зоран Заев денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја искористи и да му подари дрес од клуобот „Вардар“, пренесува Блиц. На дресот е испишан бројот „9“ и стои презимето на Вучиќ. Пред состанокот со Вучиќ, Заев во Палатата Србија разговараше со премиерката Ана Брнабиќ. Тие се договорија за заедничка седница на […]

Трансфер во најава: Реал М. во јануари Алексис Санчез?


Реал Мадрид се приклучи на Манчестер сити и на ПСЖ во трка за најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез. Шпанскиот весник „Дон Балон“ тврди дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не сака да чека до крајот на сезоната за потпис на Чилеанецот и ќе се обиде да го донесе во јануари за сума од […]

Црн петок во Македонија: Вистински попусти или рекламен трик?


Најпознатиот ден за шопинг во светот е  таканаречениот Црн петок (Black Friday). На овој ден, или последниот петок во ноември што годинава се паѓа на 24-ти, како и секоја година во Америка, но и во другите земји во светот  се случува голема купувачка хистерија. Во последните неколку години шопинг-манијата ги зафати и Скопје и Македонија. […]

Брнабиќ: Заедничка седница со македонската влада ќе се одржи следната година


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по денешните разговори со македонскиот колега Зоран Заев, изјави дека е постигнат прелиминарен договор за заедничка седница на двете влади, што ќе треба да се оддржи кон крајот на февруари или на почетокот на март следната година. На заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Брнабиќ кажа дека на состанокот се разговарало […]

ВМРО-ДПМНЕ го „нападна“ со амандмани законот за јазици


Вкупно 90 амандмани поднесоа пратеничките групи во Собранието за Предлог-законот за употреба на јазиците, за што од утре ќе расправа Комисијата за европски прашања. во Собранието до завршувањето на рокот. Очекувано, најмногу амандмани – 84 поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ предлага четири интервенции на текстот на законот, а Беса две. Расправата во Комисијата за европски […]

Претставата „Кралот Лир“ утре ќе биде изведена во Турски театар


„Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа утре ќе биде изведена, во Турскиот театар, во 20 часот. Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Осман Али, Несрин Таир, Ерман Шабан, Зубејде Али и Ебру Мусли. Драматургијата е на Диего Де Бреа заедно со Сибел Абдиу, а сценографијата и костимографијата се на Благој Мицевски. […]

Саботата стана работна за Собранието: На ред дојде изборот на обвинител


Собраниската седница за избор на новиот државен јавен обвинител почнува во сабота, за кога претседателот на парламентот Талат Џафери ја закажа 22.седница. Владата го предлага Љубомир Јовески (63), член на Советот на јавни обвинители, за нов јавен обвинител на Македонија. Тој би дошол на функцијата што претходно ја извршуваше Марко Зврлевски, кој пред неколку месеци […]

Соопштени имињата на добитниците за наградата „Св. Климент Охридски“


Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година во областа на воспитанието и образованието им се доделува на професорот и писател Венко Андоновски и на историчарот Наим Алими. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева. – Ова е одлуката на Одборот […]

Кајмакоски ужива во улогата на татко


Поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски, кој стана познат по победата на музичкото шоу “Х фактор“ не го крие приватниот живот далеку од очите на јавноста. Напротив, со сопругата Христина постојано ги промовираат семејните вредности, особено кога во февруари го добија синот Давид. Ѕвездата ужива во улогата на татко, а доказ за тоа се прекрасните семејни фотографии што […]