ВМРО-ДПМНЕ го „нападна“ со амандмани законот за јазици


Вкупно 90 амандмани поднесоа пратеничките групи во Собранието за Предлог-законот за употреба на јазиците, за што од утре ќе расправа Комисијата за европски прашања. во Собранието до завршувањето на рокот.

Очекувано, најмногу амандмани – 84 поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ предлага четири интервенции на текстот на законот, а Беса две.

Расправата во Комисијата за европски прашања, на која ќе се разгледуваат амандманите, треба да трае три дена, по што финалната верзија на законот, кој е дел од коалицискиот договор меѓу партиите од парламентарното мнозинство, ќе се најде на пленарна седница.