За првпат Македонската филхармонија ќе го прослави роденденот во сопствен објект


Македонската филхармонија во петок ќе одбележи 73 години од постоењето. По овој повод го најавува концертот „Среќен ти роденден!“ на чија програма се Прелудиум за оркестар бр. 2 од македонскиот композитор Панде Шахов, виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од Карл Голдмарк на кој како солист ќе настапи македонскиот истакнат виолинист Љубиша Кировски, […]

“Викторијас сикрет“: Во Шангај се одржа најскапата модна ревија на светот


КИНА- Топ-манекенката Џиџи Хадид не учествуваше, а поп-ѕвездата Кети Пери не пееше синоќа на ревијата на американскиот бренд на долна облека “Викторијас сикрет“, за прв пат во Шангај, Кина, по Њујорк и Лондон. На најскапата модна ревија во, годинава имаше рекорден број на девојки од Азија – вкупно седум модели, што е најмногу во историјата […]

ЕУ: Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите


Европската комисија ќе бара воведување задолжителни квоти за жени во управите на јавните компании во земјите на ЕУ. Според предлогот, компаниите кои имаат помалку од 40 проценти жени во управата, ќе треба да преферираат жени при избор на кандидати за пополнување на слободните работни места. Претходниот план на Европската унија за воведување квота од 40 […]

Вулнет Ферати кандидат за министер за здравство


Вулнет Ферати, специјалист по медицина од Тетово, како што дознава Независен.мк, е името на кандидатот за министер за здравство што Алијансата за Албанците му го предлага на премиерот Зоран Заев. Ферати важи за истакнат доктор специјалист во Клиничкот центар во Тетово. Тој долго време бил член на ДПА, а потоа се приклучува кон Движењето за […]

Поради закана кон главната актерка одложена филмска премиера


Продуцентите на индискиот филм „Падмавати“ (Padmavati) го одложија првото прикажување закажано за 1 декември, поради закани упатени кон главната глумица и кон режисерот. Имено, членот на владеачката Индиска народна партија, Сураџ Пал Аму понуди 1,3 милиони евра за тој кој „ќе ја обезглави главната актерка Дипико Падуконе и режисерот на филмот „Падмавати“, Санџај Лил Бансали, […]

Форбс: Бијонсе е најбогата поп-ѕвезда


САД- Со заработени 105 милиони долари, престижниот економски магазин “Форбс“ ја рангираше Бијонсе за најбогата пејачка во музичката индустрија. Ѕвездата најмногу заработила лани од турнејата, проектот “Лимонада“ и од линијата за облека “Ајви парк“. На второ место е Адел со заработени со 69 милиони долари, на трето место е Тејлор Свифт со заработени 44 милиони […]

Се одложи судењето за случајот „Триста“


Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот „Триста“ на СЈО денеска не дојде на рочиштето во скопскиот Кривичен суд од здравствени причини. Судењето е одложено за 27 ноември. Адвокатите на Поповски доставија медицинска документација до Судот дека има отворено боледување и е спречен да дојде на судењето. Обвинителката на СЈО […]

Барање до стечајниот управник на Фени да обезбеди услови за непречен увид во имотот на допжникот


Трите банки предлагачи на стечајната постака за Фени Индустри АД Кавадарци испратија писмо до привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски во кое го информираат дека стапиле во разговори со заинтересирани инвеститори кои сакаат да се јават како санатори со цел да се продолжи работењето на металуршкиот комбинат по отворање на стечајната постапка. – Со цел да […]

Меѓународен саем на патенти и иновации во Скопје


Во Скопје од денеска до 23-ти овој месец ќе се одржи Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2017. На саемот ќе бидат презентирани пронајдоци и иновации од Кина, Малезија, Руската Федерација, Тајван, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија. Македонските иноватори ќе може бесплатно да ги изложат нивните пронајдоци. […]

Турски ИКТ компании и производители на мебел заинтересирани за производство во Македонија


По учеството на саемот Match4Industry Business Matching во Коџаели од 2 до 3 ноември годинава што го организира Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), турски ИКТ компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија кое би се извезувало во ЕУ. Во Скопје, пак, денеска доаѓа делегација од Кајсери, Турција, која ќе ги […]

Претставата „Маша и Медо“ повторно во Скопје


Детската руска претстава „Маша и Медо“ е повторно на нашите простори. Таа ќе се одржи на 16 -ти, декември 2017 година, во 17 часот – Вип Арената „Борис Трајковски“. Влезниците ќе можете да ги набавите од 22 ноември. Поради големата популарност, која лани имаше дури пет изведби – во Македонскиот народен театар, по овој повод […]

Стилистот Бубе ин го оперираше рамото


Стилистот Љупчо Петрушевски, познат како  Бубе Ин неодамна ја направи потребната операција на рамото. За него изминатава година е една од најтешките во животот. Тој заболе од воспаление на мозокот, видно ослабе, но се уште можеше да се види на јавните настани. Бубе јавно проговори за болеста, а со помош на донациите од своите пријатели, […]

И покрај скратените средства, културните манифестации во Куманово ќе се одржат


Со усвоениот ребаланс на буџетот на општина Куманово, од Советот на општината, од програмата за реализирање на културни манифестации, поради долгогодишната блокада на општината скратени се 5,18 милиони денари за реализација на културните манифестации до крајот на годинава. Сепак, според надлежните од Одделението за култура и спорт од општина Куманово, кратењето на финансиските средства нема […]

70 години кралски брак: три генерации бисерен гердан


ВЕЛИКА БРИТАНИЈА- Принцот Хари, принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ вчера се појавија во Виндзор замокот  за да ја прослават 70-тата годишнина од брак на кралицата Елизабета и принцот Филип. Внуците на кралицата и Кејт беа уловени од папарацо фотографите како пристигнуваат на прославата за платинумската свадба. За оваа пригода, Кејт носеше елегантен ѓердан од […]

Ангела Меркел би одела на нови избори


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека била подготвена да ја води нејзината конзервативна Демохристијанска унија во нови избори откако пропаднаа разговорите за нова коалициска влада. Неуспехот да состави влада ја турна оваа економски најразвиена земја во Европа во политичка неизвесност. Во телевизиското обраќање Меркел изјави дека таа повеќе преферира предвремени избори отколку малцинска влада. На […]

В сабота ќе се гласа новиот државен јавен обвинител


Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител. Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Постапката за избор на нов јавен обвинител се оддолжи поради локалните избори […]

Продолжува судењето на бизнисменот Сеад Кочан


Во скопскиот Криичен суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ и „Триста“. Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ. […]

Заев во прва посета на Србија како премиер


Македонскиот премиер Зоран Заев на денешните средби во Белград со српската премиерка Ана Брнабиќ и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе разговара за унапредување на односите меѓу двете земји, евроинтеграциите, како и јакнењето на економската соработка. Ова е прва посета на Заев на Србија од изборот на премиер и повеќемесечната напнатост во односите на […]

Села предложил нов министер за здравство


Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска изјави дека од партијата доставиле предлог на премиерот Зоран Заев за нов министер за здравство. -Ние веќе доставивме предлог за министер до премиерот Заев. Јас очекува тоа име наскоро да се најде на гласање пред пратениците во Собранието, изјави Села.

БПЦ ќе се консултира со останатите цркви пред да одлучи за барањето на МПЦ


Светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката, пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од секретаријатот на БПЦ за бугарски „Дневник“ изјавиле дека предлогот најверојатно ќе биде разгледан на седницата закажана за 27 ноември, но […]