Вулнет Ферати кандидат за министер за здравство


Вулнет Ферати, специјалист по медицина од Тетово, како што дознава Независен.мк, е името на кандидатот за министер за здравство што Алијансата за Албанците му го предлага на премиерот Зоран Заев.

Ферати важи за истакнат доктор специјалист во Клиничкот центар во Тетово. Тој долго време бил член на ДПА, а потоа се приклучува кон Движењето за Реформи – ДПА, заедно со Зијадин Села.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села изјави дека партијата му доставила предлог на премиерот Зоран Заев за нов министер за здравство.

„Ние веќе доставивме предлог за министер до премиерот Заев. Очекувам тоа име наскоро да се најде на гласање пред пратениците во Собранието“, изјави вчера Села, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Н.П.