Форбс: Бијонсе е најбогата поп-ѕвезда


САД- Со заработени 105 милиони долари, престижниот економски магазин “Форбс“ ја рангираше Бијонсе за најбогата пејачка во музичката индустрија. Ѕвездата најмногу заработила лани од турнејата, проектот “Лимонада“ и од линијата за облека “Ајви парк“. На второ место е Адел со заработени со 69 милиони долари, на трето место е Тејлор Свифт со заработени 44 милиони долар. Следат Селин Дион (42 милиони долар), а Џенифер Лопез (38 милиони долари) ја заокружува листата на топ-пет најбогати пејачки во шоу-бизнисот.