Груевски се сретна со Мета: Од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување


Македонско албанските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на Република Македонија беа главната тема на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со претседателот на Албанија, Илир Мета, на која присуствуваа и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет, Александар Николоски. Како што информираат од партијата соговорниците ги реафирмирале заложбите […]

Средба Заев-Мета: Македонија и Албанија имаат слични предизвици


Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските односи, кои уште повеќе ќе се унапредат со зголемување на соработката во економијата, трговијата, развојот на инфраструктурата и енергетиката, порачаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Република Албанија Илир Мета, кој е во дводневна посета на Македонија. Како што информираат […]

Иванов ги предлага Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд. Согласно уставните овластувања на претседателот, предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието.Пред донесувањето на одлуката, претседателот Иванов извршил консултации со релевантни фактори од оваа област. – Претседателот Иванов како и досега, така и […]

(ВИДЕО) Масовна акција во Србија: Уапсени 93 лица, запленети дрога и оружје


Во повеќе одделни акции во Србија, во борбата против криминалот и корупцијата, уапсени се 93 лица, вклучувајќи и шест полицајци, а запленети се околу 3,8 килограми наркотици, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи. Во рамки на сузбивање на корупцијата и економскиот криминал уапсени се 37 лица под сомнение дека во периодот од 2009 година […]

Средба Џафери-Хан: Пакетот реформски закони приритет за Собранието


Приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот на реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе, порача претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Скопје. На почетокот на средбата претседателот Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието […]

Бесплатен паркинг и бесплатни автобуси до Средно Водно за викенди и празници


Бесплатен автобуски превоз и паркинг за посетителите на Водно за викендите и државните празници Советот на Град Скопје на денешната седница ја донесе Одлуката за утврдување краткорочни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопје. Со оваа одлука се воведува бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 25 (Транспортен Центар […]

Штајнмаер разочаран : Германија немала ваква ситуација 70 години


„Ваква ситуација во историјата на Сојузната република, односно од околу 70 години, досега немало“, рече германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во својот говор по повод неуспехот на преговорите за формирање на влада. „Формирањето на влада е можеби најважната задача која гласачите им ја поставија на партиите, и оваа задача сега е нерешена“, рече Штајнмаер.Тој посочи […]

ЗНМ ја обвини владата дека сака цензура


Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Скопје организираше дебата за Нацрт-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Притоа,претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја обвини Владата дека со обидот за воведување на парични казни за неетичко известување на медиумите сака да воведе цензура, која е забранета со македонскиот устав. Селмани објасни дека Владата практично сака […]

Мугабе свика седница на владата


Хараре – Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, за утре свика средба на министрите во неговата канцеларија во Хараре, соопшти неговиот шеф на Кабинет. Ова е прв министерски состанок, откако во средата војската ја презеде власта во Зимбабве.Владините седници вообичаено се одржуваат во зградата Манхуматепе во центарот на градот, но таа сега е опколена од вооружени […]

Откажана прославата за Нова година во Скопје, парите ќе се донираат


Се откажува пречекот на Новата 2018 година, а планираните средства ќе се донираат за Детската болница Козле. Ова на денешната седница на Советот на Град Скопје го соопшти градоначалникот Петре Шилегов. Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, пречекот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во кавга за законот за јазици


Употребата на македонскиот и на албанскиот јазик во Македонија нема да биде идентична, велат од СДСМ, како одговор на секојдневните реакции на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за употреба на јазиците, за кој рокот за поднесување амандмани истекува денеска. Според СДСМ, од каде што најавија повеќе аманадмнаски интервенции на првичниот текст на законот, ВМРО-ДПМНЕ продолжува […]

Безживотно тело пронајдено во Тетово


Безживотното тело на С.И.(26) од Тетово било пронајдено денеска во двор од куќа на улицата „176“ во градот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, случајот во полиција бил пријавен околу 11:30 часот од вработен во Тетовската клиничка болница, а телото на починатиот било на бетонската подлога во дворот. – По пријавата […]

Заев најави 19 нови странски инвестиции во Македонија


Деветнаесет странски инвеститори веќе имаат склучено договор со Владата или се пред склучување договор за влез во Република Македонија. Ова го најави премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан. Најголем дел, како што посочи, се компании од ЕУ. – Македонија е со понизок стандард на живот и тоа […]

Груевски: Спомениците што ќе ги срушат, повторно ќе ги изградиме


Кога ВМРО – ДПМНЕ ќе се врати на власт, ќе ги врати и сите споменици што ќе ги сруши или дислоцира актуелната владејачка гарнитура, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во третиот дел од интервјуто за „Република“, поранешниот долгогодишен премиер ги нарекува „забегани“ дел од глаасачите на СДСМ, одговарајќи на прашање околу најавите за „скорешно […]

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година


Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака до 2020 година. Потврда за обновување на соработката со крилниот напаѓач на македонската репрезентација стигна и од кипарскиот прволигаш во чии редови останува и Французинот Флоријан Тулеме. „Клубот функционира како едно големо семејство и воопшто не беше тешко при носење на одлуката за останување“, изјави меѓудругото Тричковски […]

Општина Карпош казни градежник со 4.000 евра


Инспекторите на општина Карпош во рамки на вонредната контрола на поголемите градилишта во општината изрекле прекршочна санкција во износ од четири илјади евра за еден инвеститор на улица „Лондонска”. Како што информираат од општина Карпош, за два инвеститори на улица „Варшавска” се уште тече рокот за отстранување на утврдените неправилности, додека друг инвеститор на улица […]

За Хан законот за јазиците не е приоритет


Еврокомесарот Јоханес Хан ги олади македонските функционери на прес конференцијата порачувајќи им дека владата има многу приоритети што треба да ги исполни за да ја добие препораката, но новиот закон за јазиците не е меѓу нив. „„Станува збор за разумно барање. Власта треба да им даде приоритет на областите што ќе бидат позитивни за земјата. […]

Ултиматумот за Мугабе истече, тој не поднел оставка


Ултиматумот кој му беше поставен од владејачката партија во Зимбабве на претседателот Роберт Мугабе да поднесе оставка, во спротивно против него ќе почне процедура за импичмент, истече денеска попладне, но досега нема соопштение што се случува со 93-годишниот шеф на државата. Тој викендот беше сменет од лидерската функција во неговата партија ЗАНУ-ПФ. Претседателот на соседна […]

Фармерите алармираат: Измени на Законот за персонален данок ќе удрат по најсиромашните земјоделци


Измените на Законот за персонален данок на доход негативно ќе се одразат врз земјоделците, а дел од предвидените решенија посебно ќе удрат по најмалите и најсиромашни производители, смета Националната федерација на фармери (НФФ). Измените, реагира НФФ, се направени многу брзо, без јавна, транспарентна расправа и без да се информираат и консултираат засегнатите страни, вклучително и […]

Неизлечена настинка предизвикува бронхит


Бронхитис е најчестата компликација на настинката и на грипот. Иако е најчесто бактериска болест, кога силните вирусу же се спуштат во слузокожата на бронхиите, оваа болест може да биде и вирусна. Ако температурата и кашлицата не се излечат за две недели, неопходно е да се направат лабораторски анализи или спирометрија, за да не дојде до […]