Средба Џафери-Хан: Пакетот реформски закони приритет за Собранието


Приоритет во работата на Собранието до крајот на годината е донесувањето на пакетот на реформски закони кои произлегуваат од препораките на Прибе, порача претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Скопје.

На почетокот на средбата претседателот Џафери го информираше еврокомесарот за тековните и претстојните активности на Собранието поврзани со реформските процеси неопходни за добивање на позитивна препорака за отпочнување на преговори за членство во Европската унија.

Од своја страна, еврокомесарот Хан подвлече дека од суштинско значење е донесувањето на закони неопходни за добивање на позитивна евалуација на почетокот на следната година и го поздрави односот на претседателот на Собранието кон парламентарната опозиција и позитивните промени во земјата во насока на изготвување на позитивен извештај за Македонија.