В сабота ќе се гласа новиот државен јавен обвинител


Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител.

Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

Постапката за избор на нов јавен обвинител се оддолжи поради локалните избори што се одржаа во минатиот месец. Јавното обвинителство остана без прв човек откако Марко Зврлески на 17 август оваа година беше разрешен од должноста.

До именувањето нов јавен обвинител, оваа функција ја извршува Лилјана Спасевска.