Украина протера белоруски дипломат како реакција на мерките на Минск


Украина денеска соопшти дека протерала белоруски дипломат, како одговор на обвинувањата на Белорусија дека украинското Министерство за одбрана создало шпионска мрежа во Минск.

– Украинското Министерство за надворешни работи донесе одлука да прогласи белоруски дипломат за персона нон грата. Тој веќе ја напушти земјата, наведе портпаролката на Министерството Мариана Беца.

Таа посочи дека дипломатот, кој е протеран, бил прв секретар во белоруската Амбасада во Киев, но не го наведе неговото име.

Белоруската Служба за државна безбедност (КГБ) синоќа соопшти дека во октомври го уапсила украинскиот новинар Павло Шаројко по обвинение дека е таен агент на слѕжбата за разузнавање, како и дека еден украински дипломат е прогласен за персона нон грата во Белорусија поради наводно учество во шпионски активности.

Украинското Министерство за одбрана ги отфрли обвиненијата на КГБ.