Малолетник со пиштол се возел во автобус


Малолетник од Скопје е фатен како се вози со пиштол во градски автобус. Инцидентот се случил во понеделникот околу 19 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката Бит пазар кога полициски службеници извршиле контрола во автобус што сообраќал од Транспортен центар.

„При преглед кај 15-годишник од Скопје, бил пронајден еден гасен сигнален приштол марка ‘екол’ калибар 9 мм и една рамка за пиштол без муниција. Малолетникот е приведен за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.