Тејлор Свифт е најпродаван музичар во САД


САД- Поп-ѕвездата Тејлор Свифт е најпродавана музичарка во САД. Нејзиниот последен, шести студиски албум “Репутација“ (Reputation)е продаден во 1, 216 000  копии во првата недела од објавувањето, приближно како и претходниот албум “1989“. Во последната деценија само уште на “Битлси“ им успеа да го продадат албумот во милионски тираж, во 2000-та година, нивната  “Хит компалација 1“.

Ова е трет пат Свифт да има најпродаван албум во САД, по  “1989“ во 2014 година и “Fearless“ во 2009 година. Адел се уште го држи рекордот на најдобро продадени албуми последователно. Нејзиниот албум “21“ беше најпродаван во 2011 и во 2012 година, а албумот “25“ во 2015 и 2016 година. Во последните девет години уште само на Џастин Тимберлејк (во 2013) и на Еминем (во 2010) им успеа да имаат најпродаван албум.