Три лица од Скопје пријавени за исчезнати во одделни случаи


Три лица се пријавени за исчезнати во скопскиот регион, информира полицијата и трите случаи се засебни.

На 20 ноември 2017 година во 21:30 часот С.Т. (48) од село Миладиновци, Скопско пријавил дека на 18 ноември 2017 година во 8 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка С.Т.(19).

На истот ден во Полициската станица Чаир социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавила дека на 18 ноември 2017 година околу 19:30 часот 17-годишен штитеник се оддалечил од домот во непознат правец.

Еден ден подоцна на 21 ноември 2017 година во 1 часот во Полициското одделение Сарај Т.А.(45) пријавил дека на 20 ноември 2017 година неговиот татко Е.О.(69) излегол од домот со возило „Застава 101“ и заминал во село Горни Грчец со намера да се прошета и веќе не се вратил.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.