Пронајдени три дневника на Џон Ленон


Германската полиција пронајде стотина украдени предмети од наследството на Џон Ленон, меѓу кои три дневника, два чифта метални очила, табакери и нотни записи. Портпаролот на полицијата во Берлин, Винфрид Венцел денеска изјави дека наоѓањето на овие предмети има големо значење за музичкиот свет, како и за сопругата на Ленон, Јоко Оно. Предметите беа украдени од […]

Илир Мета во посета на Битола


Претседателот на Албанија Илир Мета беше денеска општина Битола, каде што, придружуван од градоначалничката Наташа Петровска, го посети Музејот на Албанската азбука. Мета потсети на големото историско значење на Битола, а исто така изрази верување дека во идниот период соработката помеѓу двете држави ќе се зголемува, како на локално, така и на централно ниво. „Исклучителна […]

Шекеринска во Загреб: Членство на Македонија во НАТО за постабилен регион


Стабилен, безбеден и просперитетен регион е можен само доколку земјите аспиранти бидат целосно интегрирани во НАТО. Македонија на збор и дело покажува дека членството во НАТО е нејзин врвен приоритет, а за тоа има и безрезервна поддршка од Хрватска, било речено на денешната средба во Загреб на министерката Радмила Шекеринска и хрватскиот министер за одбрана […]

Бугарски интелектуалци до патријархот Неофит: Прифатете ја подадената рака на МПЦ


Интелектуалци, јавни личности, новинари, потомци на познати семејства од Македонија ја повикаа Бугарската патријаршија да ја прифати подадената рака на Македонската православна црква и да ја преземе улогата на нејзина мајка- црква. Тие испратија писмо до бугарскиот патријарх Неофит и до Светиот синод, а текстот е отворен за поддршка од секој што сака да ја […]

Лига на шампиони: Ливерпул и Бешикташ по заверка на лидерските места


Фудбалската Лига на шампиони влегува во завршна фаза. По паузата за репрезентативни активности продолжува престижното натпреварување на УЕФА со денешните осум средби во групите Е, Ф, Г и Х. Внимание привлекуваат неколку од нив од причина што дел од екипите би можеле уште вечерва да се промовираат како осминафиналисти. Ова особено важи за Шахтјор и […]

Судењето за „Труст“ продолжува в четврток


Судењето за случајот „Труст“ продолжува во четврток, откако, на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд, беа сослушувани сведоци за предметот во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан. За овој случај се обвинети уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани, а за учество […]

Мјанмар обвинет за етничко чистење на Рохинџите


Петчлена делегација на американскиот Конгрес го посети Мјанмар при што членот на делегацијата Џеф Меркли денеска изјави дека е вознемирен од острите напади на мјанмарската армија за кои рече дека наликуваат на кампања за етничко чистење на муслиманската заедница Рохинџи. Армијата на Мјанмар дејствува во областа Ракајн од август годинава, кога група Рохинџи герилци нападнаа […]

Заинтересираните инвеститори ќе вршат увид во состојбата на Фени


Заинтересираните потенцијални инвеститори за Фени Индустри, придружувани од претставници од трите банки најголеми доверители, од утре ќе вршат почетен увид во состојбата на комбинатот со цел да предложат план за реорганизација во соодветно време. За ова привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски веќе го информирал сегашниот сопственик Кунико, а начелна согласност дале и претставниците на Синдикатот […]

ТДМ донира влезници за деца од Заводот за рехабилитација на деца и младинци и ПОУ „Др.Златан Сремац“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, Н.У. Театар за деца и младинци ќе го даде својот придонес за најмладите со донирање влезници за децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје за претставите што ќе се одржат на 24 ноември, како и влезници за децата од установата ПОУ „Др. Златан […]

Седми смртен случај поради комода од ИКЕА, компанијата ќе го повлекува моделот од продажба


Шведската компанија ИКЕА повторно најави повлекување на 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го загуби едно дете. Извршниот директор на компанијата Ларс Петерсон изјави дека ИКЕА одлучи да повлече неколку видови на комоди, кои можат лесно да се превртат ако не се прицврстени за ѕид. Смртта на двегодишно дете од Калифорнија, […]

Живот во минус


Гордана Попсимонова Наскоро ќе бидат 10 години откако сум редовен професор, 20 години откако докторирав и 30 години откако се вработив. Како што би рекол чичко Панта – се’ тече, се’ се менува, така и низ овие години се менуваше земјата во која се родив, името на улицата на која живеев, училиштето во кое учев, […]

Советник на Меркел бара договор за нова влада во рок од три недели


По неуспехот на преговорите за формирање нова влада на Германија, шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Питер Алтмајер, ги повика потенцијалните коалициски партнери да постигнат договор во рок од три недели. Доколку партиите не успеат да се договорат, се очекува Меркел да се определи за предвремени избори. Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел […]

Би-Би-Си се враќа на Балканот


Британската новинска куќа Би-Би-Си се враќа на Балканот. Како што се дознава, од април идната година Би-Би-Си ќе отвори портал на српски јазик, со можност во иднина да се прошири и на други јазици. Отворањето на српскиот портал е де од проектот за медиумско враќање на Велика Британија во регионот,  во пресрет на најавеното излегување […]

Делчево: Бактерии од фекално потекло причина за труењето на учениците


Стафилококни токсини и бактерии од фекално потекло се причината за труењето на осумтемина лица од Делчево меѓу кои и шест ученици од делчевските деветолетки. Ова го покажаа резулатите од микробилошката анализа на храната и брисевите од сендвичарницата и од вработените, а д-р Магдалена Манасиева, директор на Центарот з а јавно здравје Кочани, денеска информираше дека […]

Мртов маж пронајден во Гевгелија


Четириесет и едногодишен гевгеличанец утринава е пронајден мртов во близина на касарната во Гевгелија. Неговото безживотно тело било забележано од случаен минувач околу седум часот, по што била повикана полиција. Утврдено е дека станува збор за Б.Р. (41), кој имал повреда во пределот на главата. Засега не е познато дали се работи за убиство.

Убиецот на фудбалерот Јанушев се појави на потерниците на МВР


Четири дена по изјавата на министерот Оливер Спасовски, дека „лицето Ф.С.“ е осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, извршено во скопската населба Аеродром, Министерството за внатрешни работи ја објави потерницата против 23-годишниот Филп Секуловски. Неговото име, презиме, фотографија и генералии (имиња на родителите и адреса на живеење) се ставени најгоре во рубриката „Потраги“ на […]

Родилката на која што и дадоа сендвич со таблети, роди здраво дете


Вистинска драма се одвивала вчеравечер во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Триесет и тригодишна скопјанка била примена со породилни болки, по што три машки лица – нејзини познаници дошле во болницата за да ја посетат. Меѓудругото, и донеле сендвич, а во него вработените пронашле четири големи таблети сина боја, информираат од полицијата. Од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски манипулира, економските мерки на Владата се кошмар за граѓаните


Тевдовски ги манипулира граѓаните и фирмите со квази мерки за вработување, а во позадина ги зголемува даноците и ја презадолжува Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Тевдовски го проектираше досега најобемниот Буџет во историјата на државата, базиран на огромно задолжување од скоро 1 милијарда евра, без никаков раст во делот на капиталните инвестиции. Со неоснованото задолжување […]

СЕММ: Ниту една влада не треба да одлучува во име на медиумите


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во пресрет на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска соопшти дека цврсто останува на ставот дека е потребно да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите. Во соопштението на СЕММ, се наведува дека ефикасното функционирање на […]

Тевдовски: Владата обезбеди 16 милиони евра за активни мерки за вработување


Скоро милијарда денари се предвидени со Предлог буџетот за 2018 година за активни мерки за вработување на граѓаните. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на промоцијата на новата кампања „ЕУ за тебе“, која се однесува на вработувањето, образованието и социјалната инклузија и на која учествуваше заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот во […]