Новогодишната елка пристигна во Белата куќа


САД- Првата дама на САД, Меланија Трамп, заедно со својот син Барон, ја примија новогодишната елка наменета за Белата куќа, со што и официјално почнува празничната сезона во Вашингтон, пренесуваат американските медиуми. Официјалната елка ќе биде декорирана и поставена во Сината соба во Белата куќа. Дрвото е високо околу шест метри, од американската држава Висконсин, […]

Геноцид во Сребреница, гранатирање на Сараево – денеска пресуда за Ратко Младиќ


Хашкиот трибунал денеска ќе ја објави првостепената пресуда за некогашниот командант на војската на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, по обвинението за геноцид над муслиманите и за други воени злосторства. Судскиот совет, предводен од судијата Алфонсо Орије, донесе пресуда по 3,5 години судење и уште една година разгледување на случајот од страна на Советот на […]

Џон Леџенд и Криси Тајген по втор пат родители


САД- Поп-ѕвездата и композитор Џон Леџенд и манекенката Криси Тајген го прошируваат своето семејство. Славниот модел сподели дека е во блажена состојба со слатко видео со ќеркичката Луна. Таа објави видео на кое нејзината ќерка Луна одговара на прашањето – што има во стомакот. Бебе – извика Луна, а Криси додаде дека детето е на […]

Потенцијалните инвеститори на увид за состојбата на „Фени“


Заинтересираните потенцијални инвеститори за „Фени Индустри“, придружувани од претставници од трите банки најголеми доверители, од денеска ќе вршат почетен увид во состојбата на комбинатот со цел да предложат план за реорганизација во соодветно време. За ова привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски веќе го информирал сегашниот сопственик „Кунико“, а начелна согласност дале и претставниците на синдикатот […]

Ден на албанската азбука, Хазби Лика прави свечен прием во Владата


Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата ќе организира свечен прием по повод Денот на албанската азбука, 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана. Како што соопшти Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на настанот ќе учествуваат доајени на албанското образование […]

Французите уапсија руски милијардер


Француската полиција го уапси рускиот пратеник и бизнисмен Сулејман Керимов на аеродромот во Ница во врска за затајување данок, објави Обвинителството на Франција. „Керимов е приведен поради испитување во врска со перење пари и затајување данок – рекоа од Обвинителството. На листата на ФОРБС, Керимов е 21. најбогат руски бизнисмен. Неговото богатство се проценува на […]

Половина Германци сакаат нови избори


Околу половина Германци сакаат одржување предвремени избори за членови на Бундестагот, откако актуелната германска канцеларка Ангела Меркел не успеа да постигне договор со либералите и зелените за формирање нова владина коалиција, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот ИНСА за весникот „Билд“. Според истражувањето, 49,9 проценти од анкетираните се изјасниле за предвремени избори. Само 20 отсто […]

„Биди фер“ – децата со попреченост да се вклучат во општеството


Во шест општини низ земјата УНИЦЕФ во партнерство со Скопје филм фестивал организира мини филмски фестивал „Караван за детство без пречки“ за да се промовираат правата и способностите на децата со попреченост. Денес во Свети Николе „Караванот за детство без пречки“ ќе биде пречекан од околу 400 деца и наставници, родители и претставници од локалната […]

Фудбал, ЛШ: Роналдо урна три рекорди, Ливерпул прокоцка 0:3, Бешикташ за историја


Кристијано Роналдо е централна фигура на вечерта во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Португалецот реализира два погодока во убедливата победа на Реал Мадрид против АПОЕЛ со 6:0 и притоа урна три рекорди за амортизирање на критиките во последно време што се однесуваа на неговиот голгетерски пост. Со двете реализации на стадионот „ГСП“ во Никозија, тој […]

(ВИДЕО) Две мисирки помилувани од Трамп за Денот на благодарноста


Претседателот на САД Доналд Трамп ги искористи своите овластувања да помилува осудени на смрт, и од рерната спаси две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста. Трамп ја продолжи претседателската традиција, основана од Џорџ Буш во 1989 година, кога беше поштеден животот на 20 килограми тешка безимена мисирка. На вечерашната церемонија во цветната градина на […]

Огромна свастика пронајдена под стадион во Хамбург


Огромната свастика, стара повеќе од 70 години, беше пронајдена од градежни работници во германскиот град Хамбург. Кукестиот крст, симбол за време на владеењето на Адолф Хитлер, е со размери четири на четири метри и закопан околу половина метар под земја. Свастиката беше пронајдена во текот на поправката на малиот стадион во градот, каде што требало […]

(ВИДЕО) Народот на Зимбабве слави, Мугабе поднесе оставка


Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе поднесе оставка, соопшти претседателот на Парламентот Џекоб Маденда. Ненајавена оставка доаѓа во момент кога пратениците дебатираа за импичмент против 93-годишниот лидер. Мугабе поретходно одби да поднесе оставка и покрај минатонеделните настани, кога војската ја презеде власта. Тој беше на власт од прогласувањето на независноста на Зимбабве во 1980 година.

(ВИДЕО) Тепачка во српскиот парламент: Пратеник гаѓаше со компјутерско глувче


Лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ денеска на седница на собранискиот Одбор за административни прашања го гаѓаше претседателот на одборот Александар Мартиновиќ бидејќи не му дал збор. Обрадовиќ бурно реагираше, стана и фрли со компјутерското глувче кон Мартиновиќ откако тој како претседател му го прекина говорот. Како што јавуваат српските емдиумите расправијата продолжила и низ ходниците […]

Сексуалните скандали од Холивуд се префрлуваат во политиката, обвинет Џон Конјерс


Осумдесет и осумгодишниот конгресмен Џон Конјерс, легендарна фигура на американските демократи и најстариот член на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, со години извршувал сексуално малтретирање над свои соработнички, oбјави порталот „Бузфид“. Конјерс е претставник на Детроит во Долниот дом на Конгресот од 1965 година. Според „Бузфид“, во 2015 година тој и платил 27.000 долари […]

Македонија и Бугарија ќе воведат меѓусебен поевтин роаминг


Бугарската Влада утре се очекува да го одобри предлог-меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, јави БТА. Бугарскиот министер за транспорт, информатичка технологија и комуникации Ивајло Московски денеска соопшти […]

Истражување: Фановите на „Хари Потер“ имаат помалку прерасуди


Фановите на серијалот „Хари Потер“ на бротанската авторка Ј.К. Ролинг можеби немаат волшебни моќи, но се многу позадоволни бидејќи припаѓаат на група која е многу толерантна. Магазинот за применета социјална психологија открива дека децата кои ги читаат книгите за Хари Потер имаат помалку предрасуди, како и тоа дека имаат подобар став кон стигнатизираните групи. Истражувањето […]

Путин телефонски го брифирал Трамп по средбата со Асад


Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин денеска телефонски разговараа за Сирија, Северна Кореја и Украина, соопшти Белата куќа. Разговорот е реализиран еден ден по средбата на Путин со сирискиот претседател Башар Асад во Сочи. Рускиот претседател го прими сирискиот колега во црноморскиот туристички центар каде што утре ќе има средба на […]

Откажана Комисијата за законот за јазици


Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците е откажана. Претседателот на Комисијата за европски прашања (КЕП) на Собранието на Република Македонија, пратеникот Артан Груби ја одложи шестата седница на КЕП, на која на дневен ред беше второто читање на Законот за употреба на јазиците […]

Тајани: Приоритет е Балканот да биде дел од ЕУ


Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска изјави дека интеграцијата на Балканот е приоритет за Европската Унија. – Тоа е регионот кој треба да биде приоритет, изјави Тајани во Софија, кој се наоѓа во работна посета во Бугарија. На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Тајани разговараше за безбедноста, миграцијата, стабилноста на Блискиот исток и […]

Кинескиот интернет гигант Тенсент го надмина Фејсбук на берзата


Берзанската вредност на кинескиот интернет гигант Тенсент денеска достигна рекордно ниво со што го надмина американскиот Фејсбук и влезе во првите пет најголеми светски групи. Тенсент, кој е оператор за видео игри и за популарната апликација за инстант пораки Вичет, го достигна нивото на своите противници од Силиконската долина и стана прва азиска технолошка група […]