Доживотен затвор за Ратко Младиќ


Хашкиот трибунал му одреди доживотен затвор на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. Судијата Алфонс Орие, во речиси тричасовното читање на пресудата, рече дека Младиќ и неговата војска се виновни за геноцидот во Сребреница, како и за еден куп други злосторства за време на војната во поранешна Југославија. Според пресудата, Младиќ е ослободен за […]

Анѓушев: Фени ќе се рестартира, а доверителите ќе бидат обесштетени


Вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека Фени Индустри АД Кавадарци ќе се рестартира и оти целосно ќе бидат обесштетени помалите доверители, а трите банки најголеми доверители ќе се договорат со новиот инвеститор дел од долгот веднаш да им биде платен, а дел да биде реструктуиран. Изборот на новиот инвеститор во Фени, како […]

Утре ќе биде потпишан договорот: Одобрен меморандумот за поевтин роаминг со Бугарија


Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопштија прес-службите на владините кабинети на двете држави. Меморандумот ќе биде потпишан утре во тек на […]

Пристигнаа инвеститорите во „Фени“


Инвеститорите пристигнаа во “Фени”, вели Пеце Ристевски, претседател на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика. Според информациите кои ги има се работи за четири заинтересирани компании. По еден швајцарски и британски фонд, француско израелска компанија и Енекод Бугарија, но не знае кој од нив точно е на увид во комбинатот во Кавадарци. – Ние ги […]

„Кралот Лир“ вечерва во Турски театар


„Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа вечерва ќе биде изведена, во Турскиот театар, во 20 часот. Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Осман Али, Несрин Таир, Ерман Шабан, Зубејде Али и Ебру Мусли. Драматургијата е на Диего Де Бреа заедно со Сибел Абдиу, а сценографијата и костимографијата се на Благој Мицевски. […]

Манчевски: Мотор на медиумските реформи треба да бидат медиумите


Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. – Иронично е да се каже Владата да биде мотор на реформи во медиуми. Треба да бидат медиумските работници и самите медиуми. Ние како Влада единствена амбиција […]

Денес прослави за Денот на албанската азбука


Албанците во Македонија денеска го одбележуват Денот на албанската азбука – 22 Ноември, денот кога точно пред 109 години во Битола беше унифициран албанскиот јазик и неговото писмо. Во текот на денот ќе се одржуваат низа културни и литературни активности во Битола, Скопје и во други градови. Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор ќе […]

Пауза во Хаг, на Младиќ не му е добро


Речиси еден час трае паузата во Судот за воени злосторства во Хаг, каде во тек е изрекувањето на пресудата на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. Иако беа најавени пет минути одмор, бидејќи Младиќ побара да оди во тоалет, медиумите од регионот дознаваат дека нему, всушност, не му било добро, па во моментов му […]

Стилот на Меланија Трамп: 4 илјади евра за пречек на новогодишната елка


САД- Пречекот на новогодишната елка од Висконсин за Белата куќа е сериозна работа. Барем за првата дама на САД, Меланија Трамп. По тој повод, како и за други несериозни настани, Меланија се облече со стил, навидум лежерен, кој модните експерти пресметаа дека чини 4 илјади долари. За таа пригода првата дама избра тегет-црвен волнен елегантно-спортски […]

Анѓушев: По барање на полска компанија се намалува царината за увоз на литиумски батерии


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува за неколку недели министерствата за економија и за финансии да ги усогласат ставовите околу намалување на царината за увоз на литиум-јонски батерии наменети за електрични возила и мерката да стапи на сила. Намалувањето на царината, како што кажа, е на барање на полска компанија, која има намера во […]

Го убил со 4.56 промили алкохол во крвта


Две лица се уапсени за вчерашното убиство на 41-годишниот Б.Р. од Гевгелија. Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31), кој се товари за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање. Случајот во МВР бил пријавен околу седум часот од страна на лекар од Итната медицинска помош. Според истрагата, злосторството се случило во куќата на Р.К.. […]

Премиера на Мама Миа!: Втор лиценциран мјузикл во режија на Наташа Поплавска


Премиерата на претставата Мама Миа! во режија на Наташа Поплавска во Македонскиот народен театар ќе се одржи на 24 декември во 20 часот. Ова е втор лиценциран мјузикл по „Чикаго“, исто во режија на Поплавска. Мјузиклот Мама Миа! е еден од најпознатите наслови во музичкиот жанр, а нумерите се најголемите хитови од Шведската група АББА, […]

Почина легендарниот руски баритон Дмитри Хворостовски


Легенадарниот руски операски пејач Дмитри Хворостовски, кој две години водеше борба против тумор на мозокот, почина на 55 годишна возраст, потврди неговото семејство. „Од името на семејството Хворостовски, ве информираме дека почина Дмитри Хворостовски – оперски баритон, сопруг, татко, син и пријател почина на 55 годишна возраст“, стои во порака што семејството ја објави на […]

Гвинет Палтроу се сврши


САД- Оскаровката Гвинет Палтроу се сврши со писателот и продуцент Бред Фалчук, по три години врска, објавуваат американските медиуми. Двојката се уште молчи за свршувачката, иако Гвинет е видена со свршеничкиот прстен. Палтроу и претходно, кога беше во брак 11 години со Крис Мартин, фронтменот на “Колдплеј“, приватниот живот го чуваше подалеку од јавноста. Палтроу […]

Новинарите од МПМ до Керим и Станисављева: Каде се парите, гробари на најквалитетните весници?


Новинарите од поранешната компанија „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) која ги издаваше весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, испратија отворено писмо до Срѓан Керим и до последната директорка на компанијата, Јана Станисављева, во кое прашуваат каде се парите на новинарите од МПМ и подоцнежната фирма „Медиа Принт“ (МП). Ви го пренесуваме писмото: „Ние, поранешните вработени во пропаднатата […]

Младиќ се појави во судница, ја чека пресудата


Некогашниот командант на војската на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, дојде на изрекувањето на пресудата против него во Судот за воени злосторства во Хаг. Се товари по две точки за геноцид и пет за злосторства против човештвото. Судијата Алфонс Орие веќе половина час ја чита пресудата. „Советот утврди дека голем број босански муслимани или Хрвати […]

Во светот има 70,9 милиони невработени млади луѓе


Се проценува дека во светот има 70,9 милиони млади без работа, што е повеќе од 35 проценти од вкупниот број невработени во светот во 2017 година, стои во извештајот на Меѓународната организација за трудот (ИЛО), „Глобални трендови на вработување на младите 2017“. – Иако глобалната стапка на невработеност кај младите се стабилизирала на 13 отсто […]

Само 3% проценти од Македонците подготвени да купуваат онлајн


Во моментов само три проценти од вкупното население во Македонија или шест отсто од луѓето на возраст меѓу 19 и 54 години се подготвени да купат онлајн производи за широка потрошувачка, покажува истражувањето на агенцијата „Инсајдер ИД“ изработено за потребите на AllWeb конференцијата за дигитален маркетинг. Истражувањето покажува дека 66 проценти од македонските потрошувачи на […]

Најплатена манекенка: Кендал Џенер по 15 години ја симна Гизела од тронот


САД- Американскиот топ-модел Кендал Џенер (22) е на врвот на најплатени манекенки во светот, со што ја симна од тронот по 15 години, манекенката и рекордерка Гизела Бундшен од Бразил. Ешли Грахам е првата манекенска со облини, рангирана на листата на “Форбс“,  позиционирајќи се на 10 место на листата, со заработени 5,5 милиони долари лани. […]

Почина пејачот и актер Дејвид Касиди


САД- Американскиот пејач и глумец Дејвид Касиди почина во болница на Флорида, каде што бил примен минатата седмица во критична состојба предизвикана од полиорганско оштетување. Касиди, кој се прослави со телевизиската серија од 70-те години на минатиот век „Семејството Партриџ“, почина на 67-годишна возраст.  Во февруари глумецот соопшти дека се повлекува од сцената поради тоа […]