Премиера на Мама Миа!: Втор лиценциран мјузикл во режија на Наташа Поплавска


Премиерата на претставата Мама Миа! во режија на Наташа Поплавска во Македонскиот народен театар ќе се одржи на 24 декември во 20 часот.

Ова е втор лиценциран мјузикл по „Чикаго“, исто во режија на Поплавска.

Мјузиклот Мама Миа! е еден од најпознатите наслови во музичкиот жанр, а нумерите се најголемите хитови од Шведската група АББА, по музика и текст на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус, а текстот е на Кетрин Џонсон, по приказната на Џуди Крејмер.

Проектот се реализира во копродукција помеѓу Македонски народен театар и Prospot d.o.o./Presented by Arrangement with Music Theatre International/Europe.

Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.

Носечката улога на Софи Шеридан, девојката која е пред мажење и која е во потрага по нејзиниот прав татко, ја реализира младата актерка Нина Деан. Нејзината мајка Дона Шеридан ќе ја игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, најдобрите пријателки на Дона ги играат актерките Арна Шијак, Тања Кочовска, додека улогите на татковците Сем, Бил и Хари ќе ги играат актерите: Кире Ѓоревски, Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски ќе ја игра улогата на Скај, вереникот на Софи.

Во поделбата на актерската екипа се и: Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Учествуваат и голем број на танчери и хористи, како и бенд во живо.
Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски е на Тина Трпкоска, диригент е Бисера Чадловска, кореограф е Олга Панго, а асистент на кореографија Ирена Лозинска.

Сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, инструктори за пеење и вокал се Ана Костадиновска и Сара Николовска, извршен продуцент: Симона Угриновска, прво пијано и корепетитор на солисти и хорски ансамбл: Билјана Петровска, дизајн и маркетинг супервизор: Емил Петров, инспициенти: Вукица Александрова.

По премиерната изведба следни изведби ќе бидат на 26, 28, 29 декември 2017 година и 12, 13 и 23 јануари 2018 година, сите ќе почнуваат од 20 часот.