Најплатена манекенка: Кендал Џенер по 15 години ја симна Гизела од тронот


САД- Американскиот топ-модел Кендал Џенер (22) е на врвот на најплатени манекенки во светот, со што ја симна од тронот по 15 години, манекенката и рекордерка Гизела Бундшен од Бразил.

Ешли Грахам е првата манекенска со облини, рангирана на листата на “Форбс“,  позиционирајќи се на 10 место на листата, со заработени 5,5 милиони долари лани.

Џенер, полусестрата на старлетата Ким Кардашијан, лани, инкасирала 22 милиони долари, благодарејќи на ангажманите во кампањите за “Адидас“ и “Есте Лодер“. Бундшен (37) е втора, со заработени 17,5 милиони долари. Криси Тајген (31), сопругата на Џон Леџенд е трета на листата, со заработка од 13, 5 милиони долари. На листата следат Андриана Лима, Џиџи Хадид, Роузи Хантингтон-Вајтли, Карли Клос, Лиу Вен и Бела Хадид.