Гвинет Палтроу се сврши


САД- Оскаровката Гвинет Палтроу се сврши со писателот и продуцент Бред Фалчук, по три години врска, објавуваат американските медиуми. Двојката се уште молчи за свршувачката, иако Гвинет е видена со свршеничкиот прстен. Палтроу и претходно, кога беше во брак 11 години со Крис Мартин, фронтменот на “Колдплеј“, приватниот живот го чуваше подалеку од јавноста.

Палтроу од бракот со Мартин има две деца. Фалчук, исто така има еден брак претходно и исто така две деца.