Стилот на Меланија Трамп: 4 илјади евра за пречек на новогодишната елка


САД- Пречекот на новогодишната елка од Висконсин за Белата куќа е сериозна работа. Барем за првата дама на САД, Меланија Трамп. По тој повод, како и за други несериозни настани, Меланија се облече со стил, навидум лежерен, кој модните експерти пресметаа дека чини 4 илјади долари. За таа пригода првата дама избра тегет-црвен волнен елегантно-спортски капут од Келвин Клајн кој чини од 3200 долари, (сега на попуст 1.600 долари), црвена ролка од кашмир на Ралф Лорен од 700 долари и кожени чизми на висока штикла од колекцијата на Викторија Бекам од од 1.650 долари.

Со пристигнувањето на елката пред Белата куќа, почна празничната сезона во Вашингтон, пренесуваат американските медиуми.

Официјалната елка ќе биде декорирана и поставена во Сината соба во Белата куќа. Дрвото е високо околу шест метри. Ова ќе бидат прв Божик и Нова година за семејството Трамп во Белата куќа.