(ВИДЕО) Тепачка во српскиот парламент: Пратеник гаѓаше со компјутерско глувче


Лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ денеска на седница на собранискиот Одбор за административни прашања го гаѓаше претседателот на одборот Александар Мартиновиќ бидејќи не му дал збор.

Обрадовиќ бурно реагираше, стана и фрли со компјутерското глувче кон Мартиновиќ откако тој како претседател му го прекина говорот.

Како што јавуваат српските емдиумите расправијата продолжила и низ ходниците на парламентот.