Кинескиот интернет гигант Тенсент го надмина Фејсбук на берзата


Берзанската вредност на кинескиот интернет гигант Тенсент денеска достигна рекордно ниво со што го надмина американскиот Фејсбук и влезе во првите пет најголеми светски групи.

Тенсент, кој е оператор за видео игри и за популарната апликација за инстант пораки Вичет, го достигна нивото на своите противници од Силиконската долина и стана прва азиска технолошка група валоризирана на повеќе од 500 милијарди долари.

Вредноста на акциите на оваа компанија на берзата во Хонгконг оваа година порасна двојно. Денеска достигна вредност од 523 американски долари, со што го надмина Фејсбук, кој е валоризиран на 519 милијарди долари.

Американската социјална мрежа е забранета во Кина, што овозможи Вичет да просперира во земјата со иновации на локалната технолошка сцена.

Тенсент е меѓу водечките кинески технолошки компании, меѓу гигантот за онлајн продажба „Алибаба“ и пребарувачот „Баиду“ или како што го нарекуваат „кинески Гугл“.