Заев му подари дрес од „Вардар“ на Вучиќ


Македонскиот премиер Зоран Заев денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја искористи и да му подари дрес од клуобот „Вардар“, пренесува Блиц.

На дресот е испишан бројот „9“ и стои презимето на Вучиќ.

Пред состанокот со Вучиќ, Заев во Палатата Србија разговараше со премиерката Ана Брнабиќ. Тие се договорија за заедничка седница на двете влади за следната годинав во февруари или март.

 

фото:Танјуг/Д.Кујунџиќ