Талат Џафери ја мажи ќерката
Претседателот на Собранието Талат Џафери овие денови ќе биде отсутен од Парламентот поради приватни обврски.
Тој деновиве на големо се подготвува за свадбата на неговата ќерка Бесијана. Свадбената веселба, како што ни потврди Џафери, ќе се одржува во Гостивар, каде што живее неговото семејство, а од овој крај потекнува и идниот зет на собранискиот спикер.
Џафери ни изјави дека уште пред два месеци ги информирал колегите во парламентот дека очекува да биде ослободен од работни обврски во овој период. Затоа спикерот и вчера инсистираше до крајот на денот да се донесат законите што произлегоа од договорот меѓу лидерите во првиот дел од сребата во Клубот на пратеници. Меѓутоа, иако пратениците до еден часот по полноќ чекаа во парламентот да бидат усогласен законите што беа договорени на лидерската средба, преговорите во работните групи запнаа на законот за финансирање на политичките партии.
Во април медиумите објавија дека ќерката на Џафери била ангажирана во ЕЛЕМ како референт за правни работи, а со договор за привремено вработување. (А.М.М.)