Ренци поднесува оставка на претседателската функција во партијата
Матео Ренци, лидер на италијанската Демократска партија која претрпе пораз на изборите, одлучи да поднесе оставка на местото шеф на партијата, јави АФП.
Агенцијата се повикува на партиски извори, додека портпролот на Ренци вели дека не знае ништо за тоа.
Италијански медиуми јавуваат дека Ренци ќе ја озваничи одлката во 17 часот.
Според прелиминарните резултати од вчерашните парламентарни избори, најмногу гласови освои „Пет ѕвезди“, додека на второ место е Демократската партија, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, со 18,7 отсто за Сенат и 18,1 отсто за Домот на пратеници.
Коалицијата на деснот центар предводена од партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони и десничарската и евроскептична Лига за Северот со 36,6 отсто за Сенатот и 34,8 отсто за Долниот дом освоија најмногу гласови за двата парламентарни дома, но немаат доволно гласови за сами да формираат влада.