Фановите се простуваат од Влатко
Македонскиот поп пејач Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“, информираат од МВР.
Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Од МВР засега нема информации за причините за смртта на Илиевски.
Во понеделникот Влатко наполни 33 години. Вчера, на својот фејсбук објави две фотографии, под кои сега неговите фанови се простуваат со него.
Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
– Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, наведува ОЈО во соопштението.