Меркел: Новата влада мора брзо да дејствува
Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави денеска одлуката на членовите на Социјалдемократската партија на Германија да стапат во коалиција со нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нагласи дека новата влада мора брзо да дејствува, посебно во сферата на политиката на меѓународната трговија.
– Она што го гледаме и слушаме секојдневно е дека Европа мора да дејствува и оти Германија во неа мора да има силен глас, како и Франција и другите земји-членки, истакна Меркел.
Таа посебно ја нагласи потребата од решавање на проблемите во меѓународната трговија, каде многу работи зависат од Германија, но и за ситуацијата во Сирија и отвореноста кон Кина.