Џорџ Сорос го намали уделот во компаниите „Епл“ и „Снеп“


Членовите на Комисијата за хартии од вредност соопштија дека инвестицискиот фонд на Џорџ Сорос го намали својот удел во „Епл“ и „Снеп“ во последниот квартал.

Тој, исто така, продаде дел од уделот во другите технолошки гиганти, како што се „Фејсбук“ и „Твитер“.

Според податоците на Комисијата, фондот на Сорос продал 1.700 акции од „Епл” и удел во вредност од над еден милион во „Снеп”.

Фондот го намали уделот на Твитер за 5.700 акции, а задржа 18.400 акции на други социјални мрежи.

Инвеститорот се ослободи од 367.262 акции на „Фејсбук“, па сега има 109.451 акции на оваа мрежа.

Во исто време, Хеџ фондот на Сорос го зголеми својот удел во „Мајкрософт” за 99.000 акции и во Амазон за 2.500 акции.

Повлекувањето на Сорос предизвика намалување на акциите на сите споменати компании.