Собранието одлучува за училиштата, министерствата…

На дневен ред на Собранието на Република Македонија денеска има само една точка – предлог одлуката на Владата за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Владата на Република Македонија вчера ја усвои оваа предлог одлука.

Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши  за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација. Се работи за прераспредување на  1.647.100.000 денари.

Со предлог одлуката се предлага, на пример намалување на планираните пари за привремени вработувања, за невладини организации, за реконструкција на згради на владини органи, за министерствата за одбрана, за правда, за надворешни работи, за животна средина…, за изградба на основни училишта, за училишни спортски сали, за изградба и реконструкција на студентски домови…

Освен тоа се предлага и зголемување на парите за големата концертна сала за Македонската филхармонија, за албанскиот театар во Скопје, за театарот и библиотеката во Тетово…