Косовците за шест години платиле над 25 милиони евра за шенген визи
Во периодот од 2010 до 2016 година граѓаните на Косово платиле над 25 милиони евра за добивање на виза во шенген зоната, покажуваат статистичките податоци на Европска комисија и на Евростат.
Во тој период поднесени се над 507.000 барања за виза, од кои 97.000 биле одбиени.
Цената на визите зависи од конкретната Амбасада, но најевтината е 35, додека најскапата е 65 евра.
Ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора е неиполнет услов за визна либерализација за косовските граѓании во Европска унија. Предвидено е во текот на неделата косовскиот Парламент да се изјасне за ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора.