Градските автобуси со изменет возен ред за новогодишните и божикните празници

Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред. В понеделник на 31 декември автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред, а во вторник и среда на 1 и 2 јануари по делничен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Од 3 јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7 јануари (понеделник) автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.

Ноќните линии на 31 декември (понеделник кон вторник) и 1 јануари (вторник кон среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.

-Жичницата на Водно нема да работи на 31 декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1 јануари ќе почне со работа од 11 часот. Поради техничкиот проблем на веб страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на телефонот 3173-224, порачуваат од ЈСП Скопје.